Папата ги прими членовите на финската екуменска делегација

Папата ги прими членовите на финската екуменска делегација

Теолошкиот дијалог е неопходен за помирување и претставува важен аспект на патот кон целосно и видливо единство на христијаните – е една од пораките на папата Фрањо до членовите на финската екуменска делегација, која е на поклоненеие Рим по повод празникот свети Анри од Упсала.

Теолошкиот дијалог е неопходен за помирување и претставува важен аспект на патот кон целосно и видливо единство на христијаните – е една од пораките на папата Фрањо до членовите на финската екуменска делегација, која е на поклонение во Рим по повод празникот свети Анри од Упсала, епископ и маченик, апостол на Финска и Шведска.

Папата потсети дека тие повеќе од триесет години доаѓаат на поклонение во Рим за време на Молитвената осмина за единство на христијаните. Токму Молитвената осмина нѐ поттикнува заедно да се обратиме кон Исус Христос, нашиот Господ и Спасител, а приближувајќи се на Христос, се приближуваме едни до други.

Светиот Отец се присети на минатогодишното одбележување на 500 годишнина од Реформацијата во Лунд, на која присуствуваше, порачувајќи дека тоа заедничко одбележување на Реформацијата е важно за католиците и лутераните како од човечка, така и од теолошко-духовна страна.

„По педесет години службен екуменски дијалог помеѓу католиците и лутераните – рече Папата – успеавме јасно да артикулираме точки околу кои денес се согласуваме. Благодарни сме за тоа. Истовремено во срцето негуваме вистинско каење за нашите грешки. Така во Лунд се присетивме дека намерата на Мартин Лутер пред 500 години не била да ја подели, туку да ја обнови Црквата,“ рече и додаде: „Средбата (во Лунд) ни даде храброст и сила, во Господ нашиот Исус Христос, да гледаме напред кон екуменското патување на кои сме повикани да одиме заедно.“ (…)

Папата Фрањо истакна дека 2017 година – одбележувањето на Реформацијата, претставува за католиците и лутераните привилигирана можност својата вера да ја живеат автентично, повторно заедно да го откријат Евангелието и барање и сведочење на Христос со обновена ревност. Потсети дека во Лунд католиците и лутераните се обврзаа заедно да им помагаат на оние кои трпат, оние во потреба, како и на оние кои се изложени на прогони и насилство. „Правејќи го тоа како христијани повеќе не сме поделени, туку обединети на патот кон целосното единство“, рече Папата.

Светиот Отец потсети дека христијаните во Финска слават стогодишнина од Финскиот екуменски совет, тоа важно оружје во промовирањето на заедништвото на верата и животот во Финска. Покрај тоа оваа година нивната татковина слави сто години независност: „Нека оваа годишнина ги поттикне сите христијани во вашата земја да ја исповедаат верата во Господ Исус Христос – како што тоа ревно го правел свети Анри – нудејќи сведоштво на верата на денешниот свет и покажувајќи ја во конкретните дела на служење, братство и солидарност“ рече папата Фрањо.

Откако на поклониците им подели благослов, Папата се заблагодари на бискупот кој ја предводеше екуменската делегација, што на аудиенцијата ги поведе своите внуци, истакнувајќи дека ни е потребна едноставноста на децата: таа ќе ни покаже патот кој води до Исус Христос – порача на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот