На 14 октомври 2017 година, во Ватикан папата Фрањо ги прими членовите на „Молитвеното здружение цар Карло за мир меѓу народите,“ кое е основано по смртта на блажениот Карло Австриски, последниот австриски цар и хрватско-унгарски цар.
Светиот Отец потсети дека нивната годишна средба во Рим се поклопува со стогодишнината од мировната иницијатива на папата Бенедикт XV, која блажениот Карло како единствен политички водач ја поддржуваше со желба да се стави крај на крвопролевањето во Првата светска војна.
Папата рече дека нивнoто молитвено здржение има три цели – да се спознае и следи волјата Божја; да се залага за мир и праведност во семејствата и меѓу народите; да се прави покора за сите неправди во историјата – била главниот мотив во животот на блажен Карло како државник, маж и татко и како син на Црквата. Предавајќи се на Божјата волја, го прифаќа своето страдање и својот живот го принесува како жртва за мир – истакна Светиот Отец, додавајќи дека во тоа секогаш го поддржувала љубовта и верата на неговата сопруга, слугинката Божја Зите.
Предизвиците на нашето време – продолжи Светиот Отец – бараат соработка со сите луѓе со добра волја и на посебен начин молитва и жртва. Затоа ве повикувам вас да го одржите своето ветување, со својата молитва и личното залагање да учествувате во мноштвото заложби на Папата за мир. Наследникот на свети Петар без молитвената поддршка на верниците не може да го исполни своето послание во светот. Сметам и на вас – рече папата Фрањо, препорачувајќи ги на крајот присутните на мајчинската заштита на Блажена Дева Марија и застапништвото на влажениот Карло и потоа им подели апостолски благослов.
РВ/к.мк