Папата ги прими на аудиенција чешките епископи

За да можете кај верниците да го промовирате соодветното познавање на личноста на Исус Христос, како и личната средба со Него, повикани сте пред сè да овозможите соодветни пасторални иницијативи усмерени кон солидна подготовка за Светите Тајни, и активно учество во Литургијата – истакнана 14 февруари Светиот Отец во своето обраќање до чешките епископи, кои се во посета ad limina.

По повод вашата посета ad limina, го обновивте и зацврстивте заедништвото на Црквата во Република Чешка со Петровиот Престол. Средбите и срдечните разговори во кои овие денови со мене и со моите соработници во Куријата, ги споделивте радостите и надежите, како и тешкотиите и немирите на доверените Заедници, за мене беа можност подобро да ја запознаам состојбата на Црквата во вашите краеви – рече Папата.

Со право сте горди на јаките христијански корени на својот народ, чија вера датира уште од евангелизациските настојувања на светите Кирил и Методиј. Меѓутоа истовремено сте и свесни дека верноста кон Христос не е само резултат на минатото, кое е важно, туку и личниот и еклезиолошки чин, кој во историското денес, го вклучува секој човек и секоја заедница. За да можете кај верниците да го промовирате соодветното познавање на личноста на Исус Христос, како и личната средба со Него, повикани сте пред сè да овозможите соодветни пасторални иницијативи усмерени кон солидна подготовка за Светите Тајни, и активно учество во Литургијата.

Од ваша страна нека не изостане внимателната и храбра отвореност за новите поттици на Светиот Дух, Кој ги дели Своите дарови и харизми, правејќи ги верниците лаици расположени да прифатат одговорност и служба, корисни за обновата и растот на Црквата. За да можете да се соочите со современите предизвици како и со новите пасторални барања, неопходно е заедничко и ускладено делување на клериците, монасите и лаиците.

Секој е повикан во својата улога да го даде својот великодушен придонес како Радосната вест би била навестувана во секое опкружување, па и во онаа сосема непријателско и оддалечено од Црквата; па тоа навестување да допре до периферијата, различните личности, посебно до најслабите и со надеж најсиромашни – рече папата Фрањо. Од сѐ срце ви посакувам, верни на Господовите зборови, Кој рече дека ќе остане засекогаш со нас (сп. Мт 28,20), да продолжите да чекорите со народот по патот на радосното наклонување кон Евангелието.

Ако Црквата во вашата земја била долго време притисната од идеологиите спротивни на човечкото достоинство и слобода, денес треба да се соочите со поинакви опасности, како секуларизмот и релативноста – рече Светиот Отец. Затоа, покрај неуморното навестување на евангелските вредности, потребен е и конструктивен дијалог со сите, па и со оние кои се далеку од секакво религиозно чувство. Нека христијанските заедници бидат секогаш места на прифаќања, отворени и трезвени соочувања; нека бидат места на мирот и помирувањето, поттик за целото општество во промовирањето на општото добро и вниманието спрема оние кои се во најголема потреба; нека бидат места на култура и средба – рече Папата.

Соочени со несигурните услови за живот на различните слоеви на општеството, особено во условите во кои живеат семејствата, постарите и болни лица, и исто така соочени со духовната и морална кревкост на многумина – особено млади луѓе – целата христијанска заедница се чувствува предизвикана, почнувајќи од свештениците, нивните пастири до епископот кој е тоа на посебен начин. Тој е повикан насекаде да го понуди Христовиот одговор, и безрезервно да се посвети во служба на Евангелието, посветувањето, поучувањето и водењето на Божјиот народ.

Затоа ве молам да бидете постојани во молитвата; великодушни во служењето на својот народ, ревни во навестувањето на Словото. Вашата одговорност е со татковска љубов да ги пратите свештениците: тие се ваши главни соработници, бидејќи служењето на парохија бара соодветна стабилност, како би се добила плодна паторлана програма, со цел создавање на клима на доверба и мир во луѓето.

Ве поттикнувам сѐ повеќе и пошироко да го промовирате пасторалот за духовни повици, посебно на младите кои се во потрага за смислата на преданието на Бог и луѓето. Нека вашето внимание биде вперено кон семејниот пасторал – рече папата Фрањо. Семејството е сржта на општествениот живот и само залагањето во име на семејството може да го обнови ткивото на црковната заедница и граѓанското општество. Тука е важна и застапеноста на католиците во јавниот и медиумски живот.

Сите знаеме колку се важни единството и солидарноста помеѓу епископите, а исто така и нивната поврзаност со Петровиот Наследник. Ова братско единство е исто така важно и за ефикасноста на делувањето на вашата Епископска конференција, а може да направи, вашиот однос спрема граѓанските власти во земјата да добие уште на тежина; колку во секојдневието, толку и во соочувањето со најчувствителните проблеми.

На економско подрачје неопходно е да се развие систем кој ќе земе во обѕир, дека материјалните средства се исклучиво наменети за духовното послание на Црквата; и на секоја црковна Заедница да им го гарантира она потребното, како и слободата во пасторалните потфати. Потребно е внимателно да се бдее како црковните добра би биле употребени разборито и транспарентно; нека бидат штитени и чувани од страна на самите – вредни за доверба и компетентни – лаици, рече папата Фрањо.

Во благодарам на неуморното пасторално залагање во вашите Цркви и ви ја ветувам својата духовна близина и молитвена поддршка. Повикувајќи го на вас и на вашата служба заговорот на Пресвета Дева Марија, барам од вас да молите постојано за мене и од срце ве благословувам вас, вашите свештеници, монаси и сите верници лаици – заклучи Папата.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот