Папата ги прими на аудеинција православните стипендисти

„Римскиот епископ ве сака”: со овие зборови Папата Фрањо се обрати на православните студентите стипендисти во различни римски или во други западни универзитети со поддршка и гостопримството на папските универзитети или други католички институции. Ова е истакнато на аудиенцијата на Католичкиот комитет за културна соработка со Православните цркви кои ги прими по повод 50 – годишнината од формирањето на овој комитет.

Комитетот е создаден по иницијатива на Папата Монтини за зајакнување на христијанското единство, денес е предводен од кардиналот Курт Кох, претседател на Папскиот совет за промовирање на единство меѓу христијаните. Папата Фрањо ја искажа благодарноста кон членовите на Комитетот и на „благородните добродетели” со чија помош бројни православни студентите ја имаат завршено својата богословска специјализација во академските структури на Католичката црква .

„Патот на помирувањето и обновеното братство меѓу Црквите, започна со првата историска средба меѓу папата Павле VI и Вселенскиот патријарх Атенагора – рече Папата – имаше потреба од пријателство и размена, кои се раѓаат со взаемно запознавање помеѓу членовите на различните Цркви и посебно меѓу младите кои се на патот за свештенство”.

Папата Фрањо упати посебен поздрав до менторите на студентите со зборовите: „Вашето присуство меѓу нас е важно за дијалогот меѓу Црквите денес и посебно за во иднина. Ви посакувам радосни моменти во Црквата и во Рим, и нека ве збогати духовно и културно, за да се чувствувате не како гости, туку како браќа меѓу браќа. Уверен сум исто така, дека со Вашето присуство ги збогатувате академски заедници во кои се наоѓате”.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот