Папата ги прими епископите од Гана

Светиот Отец на 24 септември и предаде писмо на епископите од Гана по повод нивната „Ад лимина“ посета. Нека вашето ходочастие на гробовите на свети Петар и Павле ве зацврсти во верата и во посветеноста на вашата служба и изгради врска на заедништво помеѓу Црквата во Гана и Петровиот Престол – пишува Папата.

Како пастири на Црквата создадена од Господ за да биде светло на народите, вие во својата земја Го нудите Исус Христос, „Патот, Вистината и Животот“ (Ив 14, 6). Сведочете ја преобразувачката сила на Неговите благодатти, проповедајте ја Радосната вест, славете ги светите Тајни и пасете го Божјиот народ со понизност и преданост.

Само во Исус Христос, распнатиот и воскреснатиот се гледа полнината на нашето достоинство и судбината и на тој начин се прифаќа. На синодата за Африка во 2009 година како главна грижа е истакната потребата пастирите на Црквата „вдахнати од Христовите ученици во Африка да станат ефикасно предани на живеењето на Евангелието во секојдневниот живот… (и да го слушат Христа Кој) постојано повикува на метаноја, на преобраќање.“ (v. Africae Munus, 32). Тоа во прв ред браќа го бара нашето сопствено секојдневно преобраќање, така сите наши мисли, зборови и дела бидат вдахнати и водени од Божјото Слово. Треба да бидеме луѓе темелно изменети со милоста, потполно да бидеме синови на Отецот, браќа на Синот Божји и татковци на заедницата под воство на Светиот Дух. Единствено тогаш можеме да понудиме веродостојно сведоштво на „неизмерната величина на Неговата сила во нас, кои веруваме“ (Еф 1,19), живеејќи во светоста, единството и мирот. Од искуството на Христовите милости во своето преобратено срце ни доаѓа духовната сила која ни помага во промовирањето на доблеста и светоста кај нашите свештеници, монаси, монахињи и лаици. Работата на преобраќање и евангелизација не е лесен, но донесува скапоцен плод за Црквата и за светот – смета Светиот Отец.

Конечно, драги браќа и сестри како свети Павле сакам да одите во градовите и селата, на пазарите и улиците сведочејќи го Христос и покажувајќи ја Неговата љубов и милосрдие за сите.

Нека вашата великодушност во пружењето на Христа се мери само со вашата понизност и трпелива отвореност кон другите. Со тие мисли драги браќа и сестри во епископството ве доверувам на застапништвото на Марија, Мајка на Словото Божјо и Богородица од Африка и со голема љубов го поделувам својот апостолски благослов кој со задоволство го проширувам на сите сакани свештеници, монаси и монахињи и верници лаици во вашата земја – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот