Папата ги прими вработените од Апостолската цвеќара
На 17 јануари папата Фрањо ги прими на аудиенција вработените од Апостолската цвеќара, при што им се заблагодари за нивната грижа, стручност и подготвеност и им посака верност и радост во извршувањето на работните обврски.
Вработените од Апостолската цвеќара се грижи за „логистичка подготовка на аудиенциите и литургиските славање во базиликата Свети Петар, на истоимениот плоштад, салата Павле VI, Апостолската палата, како и во останатите Папски базилики.
Вашата работа е со голема обврска, подразбира пожртвуваност и трпение, рече Светиот Отец, мислејќи на трудот на врботените со цел ходочасниците да се чувствуваат пријатно на општите аудиенции. Ве поттикнувам да продолжите во верноста кон вашите обврски, меѓу себе да негувате атмосфера на ведрина, взаемна доверба и доброчинителство. Таков начин на живот ќе даде благодат на целата работна заедница во Ватикан – рече на крајот папата Фрањо.
РВ/го*ко