Папата ги поттикна француските епископи да се заземаат за отфрлените од општеството

Секогаш се заземајте за служење на човекот, посебно за оние луѓе кои се отфрлени од општеството – напиша папата Фрањо во пораката упатена до француските епископи во повод општото собрание кое се одржува во Лурд. Светиот Отец ги поттикна епископите да се посветат при образованието на идните свештеници, за да бидат длабоко вкоренети во Христос и блиски до луѓето кои им се доверени.

Во пораката папата ја истакна и мисионерската традиција на Црквата во Франција. Вашите епархиски заедници нека бидат во постојано преобраќње кон Христос за да се исполни на веродостоен начин евангелизациското послание – поттикна Папата.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот