Папата ги поттикна Колумбијците да одат по патот на мирот

Папата ги поттикна Колумбијците да одат по патот на мирот

Доаѓам во Колумбија по стапките на својот претходник блажен Павле VI и свети Иван Павле II, и јас како и тие сум поттикнат од желбата со своите колумбиски браќа и сестри да го поделам дарот на верата кој силно се вкоренил во овие краишта, и надежта која чука во срцата на сите. Само по патот на верата и надежта можеме да ги надминеме бројни тешкотиите кои ги среќаваме на патот и да изградиме земја која е татковина и дом на сите Колумбијци – рече папата Фрањо за време на својата средба со колумбиските власти на 7 септември 2017 година во главниот град Богота.

Светиот Отец потоа истакна дека Колумбија е благословена на многу начини: природна убавина, неверојатна билошка разновидност, витална култура, но пред сѐ таа е земја богата со човечката вредност на својот народ кој е со , срце кое прифаќа, храбар и одлучен кога е соочен со пречки.

Папата го изрази своето задоволство за сѐ што сите овие години се направи за да се стави крај на вооружениот конфликт во таа земја и за да се побараат патишта на помирувањето. Потсети за значајниот напредок кој е остварен во изминатите година дена и ги поттикна да не ги намалуваат напорите во градењето на единство и мирен соживот, туку да се упорни во промовирањето на културата на средба. Тоа од нас бара – продолжи папата Фрањо – во центарот на целокупните политички, општествени и економски активности да го ставиме човекот кој го ужива највозвишеното достоинство, и почитувањето на општото добро. Нека таа одлучност ни помогне да го избегнеме искушението на осветата и трагањето по краткотрајните лични интереси. Колку патот до мирот и разбирањето повеќе бара, толку посилни мора да бидат нашите напори да се признаеме едни со други, да ги излекуваме раните, да градиме мостови, да ги гарантираме односите и да се поддржуваме едни со други – рече Светиот Отец.

Потоа потсети дека мотото за Колумбија гласи „Слобода и ред“: тие зборови ја содржат поуката во целост. Граѓаните мора да се вреднуваат во согласност со нивната слобода, а да се штитат со цврст ред. Папата предупреди дека мирниот соживот не го регулира законот на најмоќните, туку моќта на законот кој го одобруваат сите. Потребни се праведни закони кои ќе можат да ја гарантираат хармонијата и да помогнат во надминувањето на конфликтите кои со децении ја растргнуваат таа земја; треба закони кои не се раѓаат од прагматичната потреба за уредување на општеството, туку од желбата да се решат структурните причини за сиромаштвото кои водат во исклучување и насилство – рече папата Фрањо додавајќи, дека единствено на тој начин можеме да дојдеме до излекување на болестите кои во општеството внесуваат кревкост, правејќи го подложно на нови кризи. Да не заборавиме дека нееднаквоста е во коренот на општествените зла – рече Светиот Отец.

Папата Фрањо ги поттикна претставниците на власта својот поглед да го насочат кон маргинализиразните, исклучените и отфрлените, и истакна дека сите се потребни во создавањето и обликувањето на општетсвото, а не само „чистокрвните.“ Различноста е вистинско богатство – рече Папата и продолжи: Нашиот поглед е фокусиран кон најслабите, угнетените и злоупотребуваните, оние кои немаат глас, затоа што им е одземен или затоа што никогаш не им бил ниту даден или затоа што се игнорира. Да ги препознаеме жените, нивниот придонес, нивните таленти, тоа што се „мајки“ со своите бројни задачи. На Колумбија ѝ треба сите да учествуваат за да се соочи со надеж со иднината.

Светиот Отец потсети дека Црквата е верна на своето послание, посветена на мирот, правдата и доброто на сите, и свесна е дека начелата на Евангелието се значајна димензија за општественото ткиво на Колумбија, затоа и може многу да придонесе за растот на таа земја; посебно е свето почитувањето на човечкиот живот, пред сѐ на најслабите и најранливите, камен темелник во обликувањето на општетсвото кое е слободно од насилство. Светиот Отец ја нагласи и општетсвената важност на семејството кое Бог го замислил како плод на брачната љубов, а во кое учиме да живееме и да припаѓаме едни на други и покрај нашите разлики. Папата ги замоли присутните да слушаат и гледаат во очите на сиромавиот како и на оние кои трпат, да дозволат постојано да ги испитуваат нивните лица измачени од болка. Од нив се учиме на вистинските поуки за животот, човечноста и достоинството – рече папата Фрањо.

Папата истакна дека пред Колумбијците е благородно послание кое е исто така тешка задача. Затоа ги поттикна со зборовите на нивниот патриот и нобеловец Гариел Гарси Маркез: „Сепак пред угнетувањето, пред пљачката, пред напуштеноста, нашиот одговор  е животот. Ниту поплави, ниту чума, ниту глад, ниту природни катастрофи, па дури ниту бескрајните војни, кои траат со векови, не успеале да ја намалат истрајноста на животот пред смртта. Таа предност на животот се зголемува и добива со забрзување.“ Со тоа се овозможува „нова и победничка утопија за животот каде никој за другите нема да може да одлучува за начинот на кој треба да умре, каде навистина љубовта ќе биде вистинска љубов, каде среќата ќе биде можна и каде потомствто осудено на стотина години самотија најпосле ќе има и тоа засекогаш друга шанса на земјата“ (Говорот на Гарбиел Гарси Маркез по повод примањето на Нобеловата награда за книжевност 1982 година)

Сакав да дојдам овде за да ви кажам дека не сте сами, дека вас многумина од нас ве придружуваат во правењето на тој чекор; ова посета треба да биде поттик за вас, придонес кој ќе го олесни патот кон помирувањето и мирот – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот