Поздрав до сите кои работат на бродот-болница.
На 5 ноември 2018 година, папата Фрањо го прими во аудиенција монс. Бернард Бахлман епископ на Обидос, во бразилската држава Пара, кој во кратка видео снимка и со макета му го претстави проектот „Пловечката болница на папата Фрањо.“ Тоа е храбар проект – истакна епископот и додаде: Ќе покрие илјадници километри во државата Пара нудејќи медицинска помош за илјадници заедници долж реката и на 12 општини, вкупно за околу 700.000 луѓе.
На крајот од аудиенцијата, папата Фрањо по пат на видео порака ги поздрави сите народи во Амазонија. Срдечен поздрав до сите жители и народи на Амазонија – речеСветиот Отец. Голема љубов изразувам на вас кои се грижите за земјата, ја сакате земјата, ја сакате природата и го љубите Бог. Одете напред! Ги поздравувам сите оние кои работат на бродот – болница која ќе направи многу добра на својот пат долг повеќе илјадници километри и на тој начин на многу народи. Се молам за вас и вие молете се за мене. Нека Господ ве благослови! – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк