Бидејќи епидемиската криза сè уште трае, нема да биде можно да се одржи вообичаената духовна обнова пред Великиот пост, кои се организираа за папата Фрањо и неговите соработници во Домот за духовни вежби во Аричи.
Втора година по ред пандемијата ја условува програмата на папата Фрањо и Римската курија. Канцеларијата за печат при Светиот Престол соопштува дека поради вонредната здравствена состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19, нема да може да се одржат заеднички духовни вежби на Римската курија во Домот на божествениот учител во Аричи. Папата ги охрабри кардиналите кои живеат во Рим, раководителите на Дикастериите и раководителите на Римската курија да се погрижат лично за духовните вежби, повлекувајќи се на молитва од недела попладне, 6 март, до петок, 11 март. Сите должности на папата Фрањо ќе бидат суспендирани во таа седмица вклучително и Генералната аудиенција на 9 март.
Минатата година Папата на сите им ја подари книгата „Имај го Господ во твоето срце“, издадена од издавачката куќа Сан Паоло, а уредена од Исусовецот Даниеле Либанори. Папата ја испрати книгата со пропратно писмо во кое посочува дека страниците од книгата ќе им помогнат во духовниот живот. Соединети во молитвата, еден за друг – напиша Папата.
Ватикан њуз/к.мк