Папата ги повика сите европските парохии и манастири да примат по едно бегалско семејство

По молитвата Ангел Господов, Светиот Отец упати апел за прифаќање на бегалците во Европа: во пресрет на Јубилејот на милосрдиетоги повикувам парохиите, монашките заедници, манастирите и светилиштата во цела Европа конкретно да го искажат Евангелието и да прифатат по едно бегалско семејство.

Во своето милосрдие Бог го премостува понорот на бесконечните разлики помеѓу Себе и нас и ни доаѓа во пресрет. За да го оствари тој однос со луѓето Бог станува човек: не му е доволно да зборува преку законот и пророците, туку станува присутен во личноста на Својот Син, Словото кое стана Тело. Исус е голем „градител на мостови“ Кој во самиот себе гради голема милост на полно заедништво со Отецот – рече Папата на пладневниот говор на 6 септември, а по молитвата Ангел Господов повика за прифаќање на бегалците во секоја парохија, бискупија и монашка заедница во Европа.

Потсетувајќи за денешниот евангелски дел кој зборува за лекувањето на глувонемиот, Папата истакна дека тоа се случило во поганско подрачје. Заради тоа глувонемиот станал симбол на неверник кој доаѓа кон верата. Првата работа која Исус ја прави е што го одведува од мноштвото и гужвата, бидејќи Божјото Слово бара тишина за да може да се прифати во нејзината сила на оздравување, помирување и обнова на заедништвото.

Денешниот евангелски дел зборува и за нас: често и ние сме затворени во себе, така што се губи основниот човечки однос и настануваат затворени парови, затворени семејства, групи, парохии и земји – а тоа не е од Бог, туку е последица на нашиот грев – рече Светиот Отец. На Исусовите зборови „Ефата! – Отвори се“ се случува чудо: нè лекува од глувоста на егозимот и немата затвореност и нè вклучува во големото семејство на Црквата, така да можеме да го слушаме Бог и да го навестуваме Неговото Слово на оние кои никогаш не слушнале или кои го заборавиле или го закопале под световните грижи – рече Папата.

По молитвата Ангел Господов, Светиот Отец упати апел за прифаќање на бегалците во Европа. „Пред трагедијата на десетици илјади бегалци кои бегаат од смртта заради војната и гладта“ – рече – „Евангелието нè повикува и бара да бидеме „ближни“ на најмалите и оставените. Да им дадеме конкретна надеж.“ Заради тоа – продолжи Папата – во пресрет на Јубилејот на милосрдието ги повикувам парохиите, монашките заедници, манастирите и светилиштата во цела Европа конкретно да го искажат Евангелието и да прифатат по едно бегалско семејство.

Папата ги поттикна европските епископи во своите бискупии да го поддржат неговиот апел, потсетувајќи дека на „мислосрдието другото име му е љубов“ и спомнуувајќи ги Исусовите зборови: што сте направиле за еден од од овие мои најмали браќа Мене сте ми направиле! Прифаќањето на бегалците ќе започне од римската бискупија и две ватикански парохии овие денови ќе примат две семејства. Папата на крајот упати и апел за надминување на тензиите помеѓу Колумбија и Венецуела.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот