Папата ги повика младите да не се плашат од бракот
Драги млади, не плашете се од бракот: Христос со својата милост ги следи сопружниците кои се се Него соединети – стои на твитер профилот @Pontifex, кој има над 22 милиони следбеници, а е објавена на 28 јули 2015 година.
За повикот на Папата младите да стапуваат во брак, во разговор за Радио Ватикан се осврна надбискупот Винченцо Паглија, претседател на Папскиот совет за семејство, истакнувајќи дека папата Фрањо често пати погодува во „центар“. Се приближува Епископската синода за семејство, сите знаеме колку многу проблеми се однесуваат на семејството и бракот, а главен проблем е што младите се плашат од бракот, но не поради тоа што се полоши од вчерашните млади, апсолутно не! Денешната култура раѓа страв кој поттикнува бегство од конечните одлуки, поради тоа е полесно да не се донесуваат такви одлуки – нагласува надбискупот додавајќи:
Папата Фрањо им повторува на младите: „Не плашете се!“ Треба да се истакне дека тој израз во Светото Писмо се сретнува 365 пати, значи за секој ден во годината. Мислам дека тој библиски израз треба да биде како рефрен кој ќе оддекнува во срцата и душите на младите, бидејќи ако вистински се поврзани со Исус, тогаш и бракот, вечниот сојуз, успева да создаде стабилност кој инаку премногу нестабилното општество ја оневозможува – потврдува надбискупот Паглија.
На забелешката дека Папата користи твитер за да ги охрабри младите, кој пред сѐ го користат младите генерации, рече дека тоа е знак дека Папата ги крши вообичаените, помалку свечени и надувани шеми за да им се приближи на младите. Кога папата Фрањо нѐ повикува да „излеземе“, тоа не го кажува само со зборови, туку и со дела, така и со ова посебно орудие успева да допре до умот и срцето. Се надеваме дека твитер пораката ќе допре до многу срца – посака надбискупот.
На прашањето што би требало Црквата да направи за да ја истакне убавината на бракот во време кога денешната културата постојано ги истакнува опасностите и потешкотиите за склопување на брак, рече дека Црквата поседува вистинско духовно и човечко богатство. Убеден сум дека тоа богатство е малку познато, а понекогаш и заборавено. Денес е проблем како да се обелодени, како да се објасни дека бракот и семејството не се цел за самите себе, туку се поради светот. Бракот и семејството не се затвораат во кругот на сопствените чувства, туку се за општеството и светот – рече на крајот од разговорот за Радио Ватикан престедателот на Папскиот совет за семејство.
РВ/го*ко