Папата Фрањо по Генералната аудиенција вос реда 17 јануари 2024 година ги осуди ракетните напади на Иран врз Ербил во Ирачки Курдистан, истакнувајќи дека „добрите односи меѓу соседите не се градат со такви акции, туку со дијалог и соработка“, а исто така повика на молитва за единство на христијаните
Поздравувајќи ги присутните верници на Генералната аудиенција, Папата потсети дека Молитвената осмина за единство на христијаните започнува на 18 јануари и повика на молитва за христијаните да постигнат полно единство и да дадат едногласно сведоштво за љубовта кон сите, особено кон најслабите.
Осврнувајќи се на областите погодени од конфликти, Папата рече: „Изразувам близина и солидарност со жртвите, сите цивили, од ракетниот напад врз урбаната област Ербил, главниот град на автономната област на Ирачки Курдистан. Добрососедските односи не се градат со вакви постапки, туку со дијалог и соработка. Ги молам сите да избегнуваат каков било чекори што ја зголемува тензијата на Блискиот Исток и во други воени ситуации“.
Светиот Отец повторно повика на молитва за земјите кои се во конфликти, споменувајќи ги Украина, Палестина и Израел.
Ватикан њуз/к.мк