На средбата со граѓанските власти на првиот ден од неговото Апостолско патување во Демократска Република Конго, папата Фрањо се осврна на најитните прашања што ја засегаат африканската нација, вклучително и актуелните конфликти и економскиот колонијализам, и го повика конгоанскиот народ да го отфрли насилството.
Во својот прв говор по неговото пристигнување во Демократска Република Конго, во вторник, 31 јануари 2023 година, папата Фрањо ги осуди конфликтите кои продолжуваат да ја пустошат земјата и несовесното искористување на нејзините огромни природни ресурси од страна на странски сили.
На средбата со владините власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор во градината на „Палата на нацијата“ во Киншаса, по неговата средба со претседателот на Конго Феликс Тшисекеди, Папата го повика конгоанскиот народ да ја земе својата судбина во свои раце со отфрлање на насилството и омразата.
Тој објасни дека неговата посета е поттикнат од неговата желба да им ја донесе „блискоста, наклонетоста и утехата на целата Католичка црква“ и дека доаѓа „како ходочасник на помирувањето и мирот“.
Папата Фрањо изрази жалење за експлоатацијата на ДР Конго и целиот африкански континент, кои продолжуваат да ја трпат и денес во форма на „економски колонијализам“, кој, како што рече, е „подеднакво робовладетелско“ правејќи го конгоанскиот народ „туѓ“ на сопствената земја.
„Отровот на алчноста ги извалка неговите дијаманти со крв“, рече Папата, повикувајќи го светот да ги признае „катастрофалните“ неправди извршени во минатото и да се стави крај на актуелниот грабеж на нивните природни ресурси.
„Далеку рацете од Демократска Република Конго! Подалеку од Африка! Престанете да ја гушите Африка: таа не е рудник што треба да се соголува или терен што треба да се ограби. Африка нека биде протагонист на сопствената судбина!“
Актуелните конфликти и предизвици во ДР Конго беа и во фокусот на обраќањето на претседателот Феликс Цисекеди до Светиот Отец, во кое тој во име на целиот конгоански народ му се заблагодари на Папата за интересот што отсекогаш го покажувал за ситуацијата во земјата. и повикот „многу да молиме за мир во нејзините источни провинции“. Тој, исто така, изрази благодарност за неговата подготвеност да се сретне со делегација на внатрешно раселените лица од овие провинции.
Ватикан њуз/к.мк