Папата ги одреди темите за следните три Светски денови на млади

Папата Фрањо ги одреди темите за следните три Светски денови на млади, период на духовна подготовка од три години, која ќе ги доведе младите до меѓународната прослава на деното на младите со Папапта, предвидена за крајот на јули 2016 во Краков.

За светскиот ден на млади 2014 година, кој ќе се слави на епархиско ниво, темата ќе биде: Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно (Матеј 5,3), додека за Светскиот ден на млади 2015 темата е: Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога (Матеј 5,8). На крајот, темата за Светскиот ден на млади кој ќе се слави во Краков 2016 година е: Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! (Матеј 5,7).

Темите се одбрани од Евангелието според Матеј, каде што Исус зборува за бчаженствата. Имено папата Фрањо во Рио де Жанеиро ги замоли младите повторно да ги прочитаат Блаженствата и да ги направат да бидат конкретна програма за нивниот живот.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот