Борбата против сиромаштвото бара подобро разбирање на таа реалност: станува збор за човечки, а не само за економски феномен – истакна папата Фрањо за време на средбата со учесниците на меѓународната конференција на фондацијата Centesimus Annus Pro Pontifice, која овие денови се одржува во Рим.
Тој им се заблагодари за нивните напори во барањето поинакви начини за разбирање на економијата, напредокот и бизнисот, и за нивното соочување со етичките предизвици кои поставуваат нови парадигми и облици на моќ, произлезени од технологијата, културата на отфрлање и начинот на живот кои ги игнорираат сиромашните и ги презираат слабите.
Многу луѓе денес се борат за обединување на целото човечко семејство и се стремат кон одржлив и интегрален развој, знаеме дека работите можат да се променат – рече Светиот Отец. Тој напомена дека нивната фондација дава вреден придонес со тоа што во бизнисот и финансиите пристапува како во светлина на богатото наследство на социјалната наука на Црквата, така и во светлина на интелигентна потрага за „конструктивни алтернативи.“ Потпирајќи се на својата стручност и искуство и на соработката со другите луѓе со добра волја, се обврзавте да развивате модели на економски развој, во чиј фокус се достоинството, слободата и креативноста кои се обележја на човекот – нагласи Папата.
Светиот Отец рече дека нивната фондација во својата овогодишна декларација исправно забележува дека борбата против сиромаштвото бара подобро разбирање на таа реалност: станува збор за човечки, а не само за економски феномен. Промовирањето на интегрален човеков развој – продолжи папата Фрањо – бара дијалог и заземање со оглед на човечките потреби и стремежи, слушање на сиромашните и нивното секојдневно искуство на повеќекратна лишеност, и осмислување на специфични одговори на конкретните ситуации.
Потребно е во заедниците и меѓу заедниците и претпријатијата да се основа посреднички структури кои се способни заедно да ги соберат луѓето и ресурсите, започнувајќи процеси во кои сиромашните се главни протагонисти и корисници – рече Светиот Отец и продолжи: Таквиот пристап на економските активности, кој е заснован на човекот, поттикнат од иницијатива и креативност, претприемачки дух како и стопанските и работните заедници, и на тој начин ќе се залагаат за социјално вклучување и раст на културата на делотворната солидарност.
Можеме ли да бидеме загрижени заради сериозниот проблем на невработеност на младите и возрасните кои не можат да се „надоградуваат“? – праша папата Фрањо. Предупреди дека станува збор за проблем кој попримил драматични размери како во развиените земји така и во оние во развој. На тој проблем треба да се одговори со чувство за меѓугенерациска праведност и одговорност за иднината.
На сличен начин да се одговори на сложените проблеми поврзани со порастот на новите технологии, трансформацијата на пазарите и легитимните стремежи на работниците мора да се земат во предвид, не само на поединците, туку и на семејството – предупреди Папата. Потсети дека слична загриженост неодамна изрази епископската синода за семејството која воочи дека несигурноста на работата често ги зголемува притисоците и проблемите во семејството и влијае на способноста на семејството плодоносно да учествува во животот на општеството.
Драги пријатели, ги охрабрувам вашите напори да ја донесете светлината на Евангелието и богатството на социјалната наука на Црквата во тие горчливи прашања, придонесувајќи за информирана расправа, дијалог и истражување, но и ангажирајќи се во промената на ставовите, мислењата и начинот на живот, кои се клучни за градењето на поправеден, послободен и похармоничен свет – заврши папата Фрањо.
РВ/к.мк