Папата во Централноафриканската Република
Папата Фрањо во недела 29 ноември пристигна во Централноафриканската Република, трета и последна држава, после Кенија и Уганда, која ќе ја посети за време на своето петдневно апостолско патување на африканскиот континент. Во главниот град Банги, Папата за време на Литургијата ја отвори Светата Врата на катедралата, девет дена пред почетокот на Јубилејот на милосрдието.
Пред тој важен чин во земјата која сѐ уште страда од судирите, во првиот говор, откако слета во Централноафриканската Република, папата Фрањо се обрати на претставниците од власта и дипломатскиот кор. Светиот Отец истакна дека доаѓа како „поклоник на мирот и апостол на надежта“ и ги поттикна сите страни да помогнат во помирувањето, разоружувањето и грижата за мир, како и да се заложат на подрачјето на здравството и управувањето со добрата на сите полиња.
После тоа попладнето го посети бегалскиот камп во Банги, каде што се сместени лица кои се присилно раселени поради судирите во земјата. Светиот Отец им рече: „Сите сме браќа, независно од нашата едничка или верска припадност“. Папата истакна дека треба да се залагаат, да молат и да направат сѐ што е можно во корист на мирот. Но мирот е невозможен без љубов, пријателство, толеранција и простување – напомена Светиот Отец, поттикнувајќи ги децата да повторат: „Сите сме браќа“.
РВ/го*ко