Папата во Твитер порака: Преку моите молитви се придружувам на маршот за животот во Вашингтон

„Преку моите молитви се придружувам на маршот за животот во Вашингтон. Бог нека ни помогне да ја почитуваме секоја форма на живот, особено на најранливите”. Ова се зборовите на папата Фрањо напишани во неговата Твитер порака по повод 41-от Марш за животот во Вашингтон. Со овој Марш против абортусот се потсетува на пресудата на Врховниот суд со која 1973 година беше легализиран абортусот.

И покрај тоа што маршот беше пократок од предвидениот поради студот, двата настана организирани во затворен простор од архиепископијата Вашингтон имаа голем успех. Над 30 илјади млади присуствуваа на молитвеното бдение во националното светилиште на Дева Марија во Вашингтон, а богослужбата ја предводеше кардинал Шон О’Мали, архиепископот на Бостон и Претседател на Епископската конференција за активности за заштита на животот. Манифестацијата заврши со светата Литургија, која ја служеше монсињор Чарлс Чапел, архиепископ на Филаделфија. Меѓу иницијативите е и „10-ти Марш за животот на Западниот брег”, кој ќе се одржи на 25 јануари во Сан Франциско и се очекува да пристигнат повеќе од 50 илјади луѓе.

За 41-от по ред „Марш за живот“, американската престолнина собра стотици илјади луѓе. Пристигнаа писма на солидраност од целиот свет, почнувајќи од тоа на папата Фрањо.

За прв пат оваа година маршот масовно е присутен и на социјалните мрежи, со споделување на Твитер од страна на учесниците во маршот, како и од организираните молитвени бденија во парохиските цркви. Ова е потврда дека во последните години „лицето” на настанот е подмладено, бидејќи учестуваат лица помлади од 30 години, кои се цврсто решени да бидат генерацијата што ќе го отстрани абортусот.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот