Сите во срцето носиме отпор на благодатите, само треба да го откриеме и од Господ да бараме помош признавајќи се за грешници – рече папата Фрањо во прповедта на светата Литургија на 1 декември 2016 година во домот Света Марта.
Папата говореше за прикриените празни отпори со оправдувачки или обвинувачки зборови. Предупреди на опасноста од „лажните ветувања“ на оние кои говорат дека сѐ ќе се промени, бидејќи тоа не менува ништо. Отворените отпори се здрави, во таа смисла бидејќи се отворени за милоста на преобраќање. Имено, сите сме грешници – рече Папата.
Говорејќи за „прикриените отпори“ истакна дека тие се поопасни, затоа што не се јавни. Секој од нас на свој начин се спротивствува на благодатите. Тој отпор треба да се открие и да се стави пред Господ, Тој да Го прочисти. Свети Стефан за тој вид на отпор им префрлувал на книжниците. Се спротивставувале на Светиот Дух, а сакале да покажат дека така настојуваат да го слават Бог. Тоа го чинело на Стефан живот – рече Светиот Отец прашувајќи:
Какви се тие прикриени отпори, кои се во сите? Тие секогаш се наоѓаат на патот на преобраќањето. Тоа е запирање, а не противење. Тоа значи пасивен отпор. Кога е во тек некоја постапка за промена во некоја институција, во семејство, слушам се говори: „Таму има отпори…“ Кога не би ги имало, тогаш тоа не би било од Бог. Ѓаволот ги посеал тие отпори за да не оди Господ напред – рече Папата.
Папата спомна три вида на прикриен отпор. За да ги објасни „отпор на празни зборови“ се послужи со зборовите од литургиското Евангелие кога Исус говори дека во Царството небесено нема да влезат оние кои говорат Господи, Господи! Така е и во параболата за двајцата синови кои таткото ги испраќа во лозјето: едниот вели не, а оди, додека другиот вели да, но не оди. Дипломатското „да“ е всушност „не“. Река зборови се трошат, говорејќи дека сѐ ќе се промени, а тоа значи дека ништо нема да се промени. Тоа е „духовен гепардизам“ секогаш се говори „да“, но тоа „да“ значи „не“. Тоа се празни зборови – рече Папата.
Говорејќи пак за вториот вид на отпор рече дека со некоја причина секогаш се оправдува отпорот; тие се „оправдувачки зборови“. Тоа го направив заради тоа. Кога има многу оправдувања“, тоа не мириса на Бог, туку на ѓаволот. Христијанинот не треба да се оправдува. Него го оправдува Божјото Слово. Станува збор за отпор на зборови кои го оправдуваат сопствениот став само како што кажа да не се следи патот кој ни го покажува Господ.
Како трет вид на отпор Папата ги спомна „обвинувачките зборови“ кога се обвинуваат други затоа што не сакаат да гледат на себе; не се чувствува потреба за преобраќање, а тоа е отпор на Божјата благодат; тоа е истакнато во параболата за фарисејот и цариникот – потсети Папата додавајќи:
Тие се „секојдневни отпори во нашето срце“. Отпорот на благодатите е добар знак затоа што ни говорат дека во нас Господ делува. Мораме да ги отстраниме отпорите за да може да делува благодатта. Отпорите секогаш се сокриваат зад формалностите на празните зборови, а настојуваат да спречат Господ да нѐ води напред затоа што каде е Господ, таму секогаш има некој крст. Отпорот на крстот е отпор на Господовото откупување. Не треба да се плашиме од отпорите, туку треба да бараме помош од Господ за да се признаеме за грешници – заврши Папата.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк