На 1 мај 2018 година, попладне на празникот свети Јосиф Работник Светиот Отец беше на ходочастие во светилиштето Пресвета Богородица од Божествената љубов (Madonna del Divino Amore), каде што го пречекаа илјадници верници.
Светиот Отец го посети спомнатото светилиште и пред средновековната икона Пресвета Богородица со Детето Исус ја предоводеше молитвата Бројаница по повод почетокот на месецот на Марија, мај. Притоа Папата на посебен начин се молеше за мир во Сирија и во целиот свет. По молитвата го благослови гробот на слугата Божји, отец Умберто Терензи, првиот ректор на парохијата Божествената љубов и основател на две конгрегации.
Светиот Отец потоа се сретна со старите парохијани кои ги крстил отец Терензи кој ја основал парохијата на местото на светилиштето кое се наоѓа на 12 километри одалечено од Рим. Папата Фрањо исто така ги поздрави станарите на домот за пензионери „Божествена љубов“ и станарите на куќата „Mater Divini Amoris“ која ја води Конгрегацијата Ќерки на Божествената љубов, а станува збор за институција која нуди засолниште на мајки и деца. Папата на крајот ги поздрави собраните верници и ги повика да не заборават да се молат за него.
На крајот потсетуваме дека светилиштето „Пресвета Богородица од Божествената љубов“ е од посебно значање за Римјаните. Имено, папата Пио XII со неколку илјади сограѓани молел пред иконата Пресвета Богородица да го чува Рим во текот на битките за вечниот град во 1944 година што доведува до ослободување од германската окупација. Неколку денови откако сојузничките силе влегле во градот Пио XII на иконата им дал име „Salvatrice dell’Urbe“, односно „Спасителка на градот.“
РВ/к.мк