Папата: Во ова време на поделби да сведочиме за братството

Папата: Во ова време на поделби да сведочиме за братството

Обраќајќи се пред членовите на комитетот за наградата Зајед за промоција на човечкото братство 2026, папата Лав XIV ги повика сите верски заедници да го промовираат заедништвото. Ако останеме во светот на идеи и дебати, без да го конкретизираме милосрдието, дури и „нашите најскапоцени соништа би можеле да овенат“.

Колку и да се моќни, зборовите понекогаш не се доволни. За да се вкоренат и процветаат одредени идеали, потребни се дела, конкретни дејствија. Преку нив се формира заедница на луѓе инспирирана од наградата Зајед за човечко братство 2026. Папата Лав XI на 11 декември 2025 година им се обрати на членовите на комитетот за овогодинешната награда, примајќи ги во аудиенција и изразувајќи ја својата радост што е со оние кои ги ставаат своите таленти, својата визија и своите морални убедувања во служба на човечкото братство.

Повикани да се промовира братството

Наградата, која годишно ги наградува институции или поединците вклучени во конкретни дела на сочувство и солидарност, беше воспоставена – потсети папата Лав XIV – во клучен момент за меѓуверскиот дијалог, обележан со потпишувањето на Документот за човечко братство за светски мир и заеднички живот од страна на папата Фрањо и големиот имам Ахмед Ал-Тајеб на 4 февруари 2019 година. Покрај тоа што го воплотува наследството на шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан, основач на Обединетите Арапски Емирати, наградата истакнува како секое човечко суштество и секоја верска традиција се повикани да го промовираат братството. Ова е порака што самиот папа Фрањо веќе ја изрази:

Различните верски традиции, секоја црпејќи од своето духовно наследство, можат да дадат голем придонес во служба на братството.

Зборовите не се доволни.

Денешниот свет, обележан со конфликти и поделби, има потреба, повеќе од кога било порано, од автентични сведоци на човечката добрина и милосрдие, за да нè потсетат дека сите сме браќа и сестри. Само зборовите не се доволни, како што напиша папата Лав XIV во Апостолскиот поттик Dilexi te:

Останувањето во светот на идеите и дискусиите, без чести и искрени лични дела, ќе биде пропаст на нашите најскапоцени соништа.

Прослава на сочувство и солидарност

Токму конкретните акции што нудат опипливи примери за тоа како можеме да го промовираме човечкото братство денес посебно се наградени со наградата Зајед за човечкото братство.

Ве охрабрувам да истраете во оваа благородна работа, уверен дека вашите напори ќе продолжат да даваат плодови во корист на човечкото семејство.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот