Од 19 до 26 ноември папата Фрањо ќе биде во апостолска посета на Тајланд и Јапонија на покана на властите и локалните епикопи – најави директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни.
Светиот Отец ќе биде вториот Папа кој ќе ги посети тие две азиски земји после светиот Иван Павле II. Ќе тргне на 19 ноември и во Тајланд ќе се задржи од 20 до 23 ноември, а потоа ќе замине за Јапонија и од 23 до 26 ноември ќе го посети Токио, Нагасаки и Хирошима. Програмата во целост ќе биде објавена дополнително.
Тајланд: „Христовите ученици, ученици мисионери“
Мотото за првиот дел од тоа апостолско патување гласи „Христовите ученици, ученици мисионери“, а потсетува на една важна годишнината; во 2019 година имено се навршуваат 350 години од основањето на апостолскиот викаријат во Сијам основан во 1669 година. На тој настан потсетува и логото за посетата на Папата, на кое папата Фрањо е прикажан насмеан додека ниско е насликан кораб, симбол на евангелизацијата, со три едра кои го претставуваат Пресветото Тројство. Коработ го држи стилизираната рака на Дева Марија, позлатениот крст пак ја поттикнува целата Католичка Црква во Тајланд да биде сведок на радосната вест.
Јапонија: „Да се заштити секој живот“
Темата на апостолското патување во Јапонија е фокусирана пак на заштитата на животот и создадениот свет. „Да се заштити секој живот“ е мотото за таа посета во кое буквата Т во зборот „живот“ е во облик на крст. Мотото е земено од „Хрстијанската молитва во заедништво со создадениот свет“ со кое завршува енцикликата на папата Фрањо Лаудато Си за грижата за заедничкиот дом. Тоа е повик за почитувањето на достоинството на секој човек, но и на животната средина, посебно во земја како што е Јапонија во која нуклеарната закана и понатаму е постојан проблем – е истакнато во описот на мотото.
Логото го карактеризираат три пламени во три различни бои; црвениот потсетува на мачениците, темелот на Црквата во Јапонија; синиот пламен ја претставува Блажена Дева Марија која како своите деца го прегрнува целото човештво; зелениот пламен ја претставува јапонската природа и посланието за проповедање на Евангелието на надежта. Црвениот круг како сонце го опфаќа секој живот, а ја претставува љубовта. Ликот на Папата во став на благослов е стилизиран во сина боја.
Ватикан њуз/к.мк
Таг: Апостолска посета