Во продолжение на Апостолската посета на Мадагаскар и во ден полн со средби и говори, освежувачки момент беше молитвата на папата Фрањо со босоногите Кармилитјанки, на 7 септември 2019 година попладнето, во нивниот манастир во Антанариво. Светиот Отец ја истакна важноста на малите гестови на љубов, затоа што тие го спасуваат светот и ги советуваше монахињите
Во манастирската капела, во која се сретна со монахињите, Папата им го предаде текстот подготвен за говор, и им се обрати спонтано од срце на италијански јазик. Истакна дека за наследување на Господ секогаш е потребно малку храброст, но потешкиот дел од работата ја извршува Тој, а ние треба ада имаме храброст да му дозволиме да го направи тоа – рече Папата.
Давајќи им потоа пример од животот на света Тереза од Детето Исус, кој многу му има помогнато – како што кажа Светиот Отец – во свештеничкиот живот и вера, Папа истакна дека љубовта е потребна во малите и во големите работи. Во малите чекори на љубов се наоѓа совршенството. Но како би можеле да ги направиме тие мали чекори потребна е храброст, храброст да се верува дека во мојата маленкост Бог е среќен.
Световноста може на многу начини да навлезе и во клаузурните монахињи – додаде Папата. Но тие треба заедно со поглаварката, со заедницата да ги откријат гласовите на монденоста, како не би влезеле во нивниот манастир. Исто така, кога ќе почувствуваат дека нешто им го одзема мирот, Светиот Отец ги советуваше, веднаш да разговараат со некој, затоа што тоа може да ја заштити светоста. Не се доволни решетките и завесите; вистинската заштита се љубовта и молитвата. Така правела света Тереза од Детето Исус, разговарала со поглаварката, иако таа не ја сакала – рече папата.
Во однапред подготвениот говор, кој беше поделен на монахињите, Папата ги поттикна да бидат светилници, светлина која го придружува чекорењето на денешните мажи и жени. Бидете утринска стража која го најавува изгревот на сонцето – напиша Папата поттикнувајќи ги да бидата внимателни на повиците и бедата на луѓето околу себе, луѓе изнемоштени од страдањта, искористувањето и малодушноста.
Вашиот манастир нека биде место за прифаќање и слушање, затоа што луѓето околу вас често пати се многу сиромашни, слаби, нападнати и ранети на илјадници начини. Но тие се и со полно вера и во вас препознаваат сведоци на Божјата присутност, скапоцени прибежишта во кој можат да Го сретна и да добијат помош од Него – напиша папата Фрањо.