Гласник, полн со радост, испратен од Господ. Доаѓаш како дожд во пустина, давајќи му надеж на нашиот народ – со тие зборови започнува химната за апостолската посета на папата Фрањо на Колумбија, од 6 до 10 септември 2017 година, со враќање во Рим, на аеродромот Чампино, на 11 септември.
Мотото избрано за посетата на Папата гласи „Да го направиме првиот чекор,“ а се однесува на постапката за помирување која е во тек во таа земја, која веќе повеќе од 50 години е зафатена граѓанската војна помеѓу владата во Богота и Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК).
Папата доаѓа на крајот од цел еден процес и пат на Колумбија – рече во телефонски разговор за Радио Ватикан патер Франческо Бортигнон, парох во Кукута, на северот од земјата, на границата со Венецуела. Патер Бортигнон, е Италијанец од Конгрегацијата мисионери на свети Карло Боромео, веќе 21 година е мисионер во Колумбија, и директор на Центарот за миграција и прифаќање (Casa de paso) во Кукута. Секој ден се труди да ги задоволи потребите на голем број мигранти, во овој момент поголемиот дел од Венецуела, кои бегаат од насилството, гладот и сиромаштвото.
Со задоволство говореше и за – како што рече – „својата Колумбија“, за пресудниот момент кој го преживува таа земја. Конечно со герилците, Револуционерните вооружени сили на Колумбија, е потпиша мировен договор – рече – но, останува уште Војската на националното ослободување, со која дијалогот е во тек. Процесот е бавен, но се надеваме дека, како почетните разговор кои траеја две години, ќе успее да се потпише и тој мир. Само така ќе може да се воспостави состојба на мир, со отсуство на герилците. Тоа пред сѐ би значело дека постои бебзедност, но и економски раст и развој – рече патер Франческо.
Католичката Црква во Колумбија секогаш работела за постигнување на мир – рече потоа мисионерот. Се работи со чувство за општетсвените проблеми, и се следи мировниот процес.
Што се однесува пак до пораката за посетата на Папата, според зборовите на патер Франческо, таа ќе биде хрiстијанска, евангелска, тоа ќе биде порака на надеж, одење со вистинско христијанско сведоштво, токму на она во согласност со мотото „Да го направиме првиот чекор.“ Тој пример е многу потребен – истакна патер Бортигнон – посебно во моментот во кој сме опкружени со безбројни секти кои претставуваат магии и илузии.
РВ/к.мк