Папата Фрањо на почетокот на декември ќе ги посети Кипар и Грција, потврди директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни.
Светиот Отец ќе престојува на Кипар од 2 до 4 декември и ќе го посети градот Никозија. Папата Фрањо од 4 до 6 декември ќе престојува во Грција каде ќе ги посети Атина и островот Лезбос.
Светиот Отец ќе ги посети земјите на покана на граѓанските и локалните црковни власти. Програмата за патување ќе биде навремено објавена, стои во соопштението на Канцеларијата за печат.
Посетата на Кипар Папата ќе го продолжи патот на неговиот претходник Бенедикт XVI, кој ја посети земјата во 2010 година. Папата Фрањо ја посети Грција во 2016 година, кога замина на грчкиот остров Лезбос.
Лого и мото
Прес службата го објави и официјалното лого и мотото за двете посети. За посетата во Грција, логото ја претставува Црквата како чамец што минува низ бурните мориња на светот, со Христовиот крст како јарбол и едра кои се движат од ветрот на Светиот Дух. Обликот на едрата го формира ликот на папата, кој доаѓа како пријател на Грција. Боите на логото се жолта и сина – боите на знамето на Ватикан и на Република Грција. Мотото е преземено од пораката на Папата за 36. Светски ден на младите, а гласи: „Да бидеме поотворени за Божјите изненадувања, бидејќи тој сака да ни го осветли патот“. Мотото изразува надеж дека посетата на Папата ќе донесе зрак светлина во иднината на Грција, земја со длабоко вкоренета вера и славно минато која моментално ги доживува последиците од пандемијата и финансиската криза.
Логото за патување во Кипар е претставена карта на Кипар во позадина. Лево е ликот на папата кој гледа во свети Варнава, заштитник на островот. На десната страна е маслиново гранче врзано за жито – знаци на мир и заедништво. Во логото се издвојуваат боите на Ватикан и Кипар – бела, жолта, портокалова и зелена. Горе и долу е мотото за посетата напишано на грчки и англиски јазик – „Утешувајте се еден со друг во верата“. Во соопштението се објаснува дека е поттикнато од значењето на името на свети Варнава, што може да значи син на охрабрување или утеха. Укажува на важноста на меѓусебната утеха и охрабрување, димензии кои се суштински за дијалог, средба и прифаќање и ги истакнува карактеристиките на животот и историјата на островот.
Ватикан њуз/к.мк