Папата во видео пораката до УНЕСКО: Евангелието е најчовечката порака во историјата

Папата во видео пораката до УНЕСКО: Евангелието е најчовечката порака во историјата

По повод 75 годишнината од основањето на УНЕСКО, папата Фрањо во видео порака го истакнува заедничкото служење на мирот и солидарноста, развојот на личноста и заштитата на културното наследство.

„Среќен роденден“, се обрати папата Фрањо со видео порака до УНЕСКО кое достигнува пресвртница од 75 години живот. Римскиот епископ изрази искрени честитки и потсети на привилигираниот однос со Црквата. Црквата е – нагласи Папата – во служба на Евангелието, а Евангелието е најчовечката порака која историјата ја познава.

Тоа е порака на живот, на слобода, на надеж која вдахнала небројни образовни иницијативи во секое време и на секое место и поттикнала научен и културен раст на човечкото семејство. Насоките на делување со УНЕСКО, токму во светло на евангелската порака, се слични.

Заради тоа Ораганизацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (The United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization, UNESCO) е привилигиран соговорник на Светиот Престол во заедничкото служење на мирот и солидарноста на народите, интегралниот развој на човечката личност и заштитата на културното наследство на човештвото.

УНЕСКО

Повеќе од 20 лидери на држави ќе учествуваат на свеченоста по повод 74 годишнината на УНЕСКО, а која ќе се пренесува директно на социјалните мрежи. Организацијата на ОН за образование, наука и култура со седиште во Париз е создадена на 16 ноември 1945 година со цел негување на мирот и меѓукултурното разменување меѓу државите преку образованието, науката и културата, но само година дена подоцна, на 4 ноември 1946 година и официјално основана со ратификацијата на уште 20 земји покрај првите потписнички. Во својата мисија УНЕСКО исто така сака да ги штити и чува местата во светот кои се сметаат за исклучителни во смисла на културна или природна убавина и вредност.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот