Папата во болница, состојбата е критична, но нема нова респираторна криза

Папата во болница, состојбата е критична, но нема нова респираторна криза

Здравствената состојба на папата Фрањо е неизвесна и се уште прима кислород. Неговите вредности на крвта се подобруваат благодарение на трансфузиите. Постои почетна мала бубрежна инсуфициенција. Во неделата присуствуваше на света Литургија.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол во неделата навечер, 23 февруари 2025 година, ја даде следната информација за здравствената состојба на папата Фрањо:

Состојбата на Светиот Отец и понатаму е критична, но од вчера вечерта нема дополнителни респираторни кризи.

Прими две единици концентрирани црвени крвни зрнца со благотворно дејство, а нивото на хемоглобинот е зголемен.

Тромбоцитопенијата останува стабилна; сепак, некои крвни испитувања покажуваат рана, блага бубрежна инсуфициенција, која моментално е под контрола.

Терапијата со висок проток на кислород продолжува преку носните канили.

Светиот Отец останува буден и добро ориентиран.

Сложеноста на клиничката ситуација и потребата од време за да покажат резултати фармаколошките третмани и затоа прогнозата е резервирана.

Во недела утрото присуствуваше на светата Литургија, заедно со оние кои се грижат за него овие денови на хоспитализација.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот