На 13 декември, папата Фрањо го прими во аудиенција премиерот на Кнежевството Андора, Ксавиер Еспот Замора.
Премиерот Еспот Замора потоа се сретна со државниот секретар кардинал Пиетро Паролина и секретарот за односи со државите, монс. Пол Ричард Галагер.
Во срдечен разговор во Државниот секретаријат, акцентот беше ставен на одличните односи меѓу Кнежевството и Светиот Престол, што е дел од долгата историска традиција на разбирање и взаемна поддршка. Вниманието е фокусирано на прашањата кои го засегаат општеството во Андора, меѓу кои и феноменот на миграција.
Ватикан њуз/к.мк