Папата во аудиенција го прими белгискиот кралски пар

 Во понеделник 9 март папата Фрањо го прими во аудиенција белгискиот кралски пар, Филипе и Матилда, кои потоа се сретнаа и со државниот секретар, кардинал Паролин, како и со секретарот

за односи со државите Галагер.

Папата Фрањо на 9 март во аудиенција го прими белгискиот кралски пар – кралот Филипе и кралицата Матилда – кои потоа се сретнаа со кардинал Питеро Паролин, папскиот државен секретар, како и со надбискупот Паул Галагер, секретар за односи со државите.

Според соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол, во срдечниот разговор се истакнати добрите односи помеѓу Белгија и Светиот Престол. Меѓу темите за разговор биле прашања од заеднички интерес, како и општествената солидарност, воспитување и образование на младите, феноменот на миграција, како и важноста од меѓукултурен и меѓуверски дијалог. Во разговорот за меѓународните проблеми, посебно внимание е посветена на иднината на европскиот континент.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот