Папата во Албанија: Мир на вашиот народ!
Денес вратите на Албанија повторно се отворени и светнува времето на нова мисионерска посветеност на сите членови на Божјиот народ – рече на 21 септември 2014 година Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на плоштадот Блажена Мајка Тереза во Тирана. Евангелието кое го слушнавме ни зборува за тоа како Исус освен дванаесетмината апостоли повикува и 72 ученици и ги испраќа во селата и градовите за да го навестуваат Царството Божјо (Лк. 10, 1-9. 17-20). Он дојде на светот да му ја донесе Божјата љубов, која што сака да ја заснова на заедништвото и братството. Затоа веднаш формира заедница на ученици: мисионерска заедница на која и дава послание, да оди. Мисионерската задача е јасна и едноставна: учениците одат по куќите и нивното навестување го започнуваат со поздравот со полно значање: „Мир на таа куќа!“ Не станува збор за народен поздрав, туку за дарот на мир – објасни Светиот Отец.
Доаѓајќи денес меѓу вас драги браќа и сестри од Албанија на овој плоштад посветен на понизната и големата ќерка на ова земја, блажена Мајка Тереза од Калкута, сакам да го повторам овој поздрав: мир на вашите куќи, мир на вашите срца и мир на вашиот народ! Мир – повтори Папата.
Посланието на 72 ученици се одразува во мисионерското искуство на христијанските заедници на секое време: Господ – воскреснат и жив – не ги испраќа само дванаесетмината, туку и целата Црква; секој крстен човек го испраќа на сите народи да им го навести Евангелието – рече Папата. Во текот на вековите навестувањето на мирот на Исусовите апостоли не бил секогаш прифатен, понекогаш вратите биле затворени. Не така одамна и вратата на вашата земја беше затворена и заклучена со различни забрани и прописи на режимот кои го негираа Бог и пречеа на религиозната слобода. Тие кои стравувале од вистината и слободата правеле сè за да го изгонат Бог од човечкото срце и Христос и Црквата да ги исклучат од историјата на вашата земја, иако таа била меѓу првите која го примила светлото на Евангелието – рече Папата.
Во второто читање се зборува за Илирија која во времето на свети Павле ја вклучува и ова денешна албанска територија. Размислувајќи одново за оние децении на остри трпења и немилосрдни прогони против католиците, православните и муслиманите, можеме да кажеме дека Албанија била земја на маченици: многу епископи, свештеници, монаси, верни лаици и службеници на култот на другите религии, со животот ја платиле својата верност – потсети папата Фрањо.
Не недостасувале докази за големата храброст и доследност во исповедувањето на верата. Колку христијани не дале да ги покорат со заканите, туку без двоумење го продолжиле започнатиот пат. Се свртувам со духот кон ѕидот на гробиштата во Скутари симбол-место на католички маченици каде што се извршувале стрелања и со емоции пред нив го полагам цветот на молитвата како и драгото и вечно сеќавање. Господ бил со вас, драги браќа и сестри, за да ве поддржува. тој вас ве водел и ве тешел и на крајот ве подигнал на ореловските крилја како што направил со стариот израелски народ како што слушнавме во првото читање – рече папата Фрањо, додавајќи…
Орелот стилизиран на вашето државно знаме нека ви собере чувство на надеж за секогаш одново својата надеж ја ставате во Господ, Кој не разочарува, туку секогаш е на наша страна, посебно во тешките моменти. Денес вратите на Албанија повторно се отворени и светнува времето на нова мисионерска посветеност на сите членови на Божјиот народ: секој крстен човек има свое место и задача во Црквата и во општеството – рече Светиот Отец.
Нека секој се чувствува повикан великодушно да се посвети на навестувањето на Евангелието и на сведочењето на љубовта кон ближниот; во зајакнување на врската на солидарноста за да промовираме праведни и братски услови за живот на сите. Денес дојдов да ви заблагодарам за вашето сведочење, меѓу вас и во вас да расте надежта. Не го заборавајте орелот; тој не го заборава своето гнездо, иако лета високо. Лета високо; во висините! Дојдов да ве охрабрам и да се вклучат и новите генерации; да ве нахранам со Словото Божјо, отворајќи го срцето за Христос и Евангелието, да се среќавате со Бог и да се среќавате едни со други како што веќе и правите: преку таа меѓусебна средба сведочите на цела Европа. Во духот на заедништвото со епископите, свештениците, посветените луѓе и верните лаици, ве поттикнувам на нов полет во пасторалните активности, што е потфат на служењето; да продолжите да ги истражувате новите облици на присутноста на Црквата во општеството. Посебно се обраќам на младите. Имаше многу на улиците од аеродромот до овде! Овој е млад народ, навистина е млад, а каде е младоста таму е и надежта. Слушајте Го Бог, поклонувајте Му се и сакајте се како народ, како браќа – поттикна папата Фрањо.
Цркво која што живееш во Албанија, ти благодарам за твојот пример на верност! Не заборавајте на гнездото, на вашето далечно минато; ниту на искушенијата; не заборавајте на раните, но не осветувајте се. Одете напред и работете со надеж за светла иднина. Толку синови и ќерки на Албанија трпеле, па и животот го дале. Нивното сведоштво нека ги поддржува вашите денешни и идните чекори на патот на љубовта, слободата; на патот на праведноста, а посебно на патот на мирот. Така нека биде – заврши Светиот Отец!
РВ/Д.И.