Папата Фрањо на 4 септември 2019 година отпатува во пасторална посета на Мозамбик, Мадагаскар и Маирициус, за време на летот, традиционалниот поздрав до новинарите го заврши барајќи од нив да се молат за жртвите од страшниот ураган, кој го погоди Бахамите.
Дел од срцето е таму, во близина на последнитете ‘периферии’, покрај луѓето на Карибите, погодени од катастрофата предизвикана од разорниот ураган Доријан. Откако ги поздрави новинарите, Папата повторно го зеде микрофонот и од сите нив, кои патуваат заедно со него во Африка, ги повика на молитва. Папата Фрањо имено е информиран за пустошот кој го остави ураганот, посебно во Бахамите. Вестите и сликите зборуваат за илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата, како и за загинати на улиците.
Би сакал да ве повикам секој во своето срце да измоли една молитва за жртвите од ураганот на Бахамите. Тоа се сиромашни луѓе кои ненадејно го губат домот, губат сѐ, дури и животот. Секој во своето срце нека каже една молитва за тие браќа и сестри, кои настрадаа од ураганот на Бахамите – рече на новинарите Светиот Отец.
Ураганот Доријан во Средна Америка потсетува на загинатите и уништувањата кои ги предизвикаа Идаи и Кенет, во март и април, во Мозамбик, првата цел за време на седумдневното патување, при што Папата ќе го посети африканскиот континент, вклучувајќи ја и посетата на Мадагаскар, како и престој од неколку часа во Маурициус. Да се надеваме, дека ова малку подолго патување, ќе донесе плодови – рече папата Фрањо на почетокот од средбата со новинарите, во кои вовед даде новиот директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Матео Бруни, на кој што ова патување му е прво на оваа должност.
Папата истакна дека сака да искаже почит, односно да посвети ‘посебен простор’ за новинарката од ЕФФ, на шпанската новинска агенција, која слави 80 години работа; затоа таа новинарка, за време на прес конференцијата на враќање, ќе има можност на Папата да му постави дополнителни прашања.
Светиот Отец, освен тоа ја истакна и важноста што на ова ова патување е присутна и Валентина Алзраки, новинарка на „Телевисе“, мексиканска телевизиска куќа, декан ватикансит во Канцеларијата за печат, на која ѝ е 153. Апостолско патување. Во таа прилика Папата посебно ја спомна нејзината книга “Греција и останатите“, за злоупотреба на жените, која ја напиша заедно со Луиџи Џинами. Папата таа книга ја нарече „бисер“ и вели дека помага да се сфати болката и како се искористуваат жените во нашето време.
Ватикан њуз/к.мк