Во најтешките моменти на тага и болка, па и кога сме соочени со навреди, да го избереме патот на молитвата, трпението и довербата во Бог, а притоа да не паднеме во лагата на суетата – рече папата Фрањо на светата Литургија на 9 јуни 2017 година во домот Света Марта.
Светиот Отец во денешната проповед размислуваше за страдањето и силата која доаѓа од молитвата. Појдовна точка беше првото литургиско чиање од Книгата за Товит.
Централни ликови во размислувањето на Папата беа таткото на Товит, Товита, кој ослепува, и снаата на Товит која ја обвиниле за смртта на неколку мажи. И Товита и Сара во своите животи искусиле и добро и зло, како сите останати луѓе, но во минатите времиња кон нив се однесувале лошо, па биле прогонувани и навредувани заради својата вера. Сите ние знаеме тешки, лоши времиња – рече Папата – можеби не толку зли моменти како што е случајот во оваа книга, но познати ни се чувствата во мрачните моменти, времињата на страдање и тешкотии, на сите нас ни се познати тие периоди.
И Сара и Товита во тие моменти барале совет во молитвата. Надежта дека Бог ќе нѐ слушне и ќе даде да поминат тие тешки времиња – рече Светиот Отец и продолжи: Кога се наоѓаме во мрачни времиња, во моменти на жалост, големи или мали, никогаш не смееме да заборавиме на молитвата, трпението и надежта.
Во нивните животи имало и добри времиња – истакна папата Фрањо – но тие радосни моменти не смеат да се заменат со среќниот завршеток во романот. Божјата близина во тие моменти е веродостојна и убава, но таа не е „нашминкана убавина“ или вештачка радост. Што прават Сара и Товита во убавите моменти? – праша Папата и одговори: Му благодарат на Бог, срцето им се шири во молитвата за благодарност.
Во својите молитви тррба да да ја донесеме, као радоста, така и жалоста. Во тешките животни ситуации потребно е да постапуваме исто како и во моментите на радост: да ги спознаеме внатрешните движења. Да молиме за милост – заврши Светиот Отец – за да можеме да препознаеме што се случува во тешките моменти на нашиот живот и како да се оди напред; а исто така да умее да спознаеме што се случува во убавите моменти од животот и да не дадеме да бидеме измамени од страна на суетата.
РВ/к.мк