Со духот на праведноста и заедништвото можеме да ги победеме нашите индивидуалности и да го промовираме општото добро – истакна папата Фрањо во видео пораката по повод иницијативата „Vax Live – Концерт за обединување на светот“ (Vax Live – The Concert To Reunite the World), настан снимен во Лос Анџелес за Јутјуб каналот со кој претставниците на светот на забавата и институциите сакат да поддржат праведна распределба на вакцината против коронавирусот.
Во моментот тоа е тема на политиката која мора да се занимава со економијата, интересите. Тоа исто така отсекогаш е темата на папата Фрањо кој постојано гледа на човечките битија, посебно на оние за кои се интересираат малку луѓе. Папата се придружи на гласовите на музичките и филмските ѕвезди и другите поддржувачи на највисоко ниво од амерканскиот претседател Бајден до претседателката на Европската комисија Урсула вон дер Лајен и италјанскиот премиер Марија Драги исто така во улога на претседател на групата Г20.
Неправдата и злото не се непобедливи (…) Ве молам да не ги заборавите најранливите – истакнува Папата на почетокот на пораката. Пред толку темнина и неизвесност потребни се светлина и надеж. Потребни ни се патишта на оздравување и спасение. Со тоа мислам на оздравување во корен кое ја лекува причината на злото, а не е огранчено само на симптомите – објаснува тој. Во тие болни корени го пронаоѓаме вирусот на индивидуализмот кој нѐ не прави послободни, ниту порамноправни, а ниту браќа, туку нѐ претвора во луѓе рамнодушни на страдањето на другите.
Една варијанта на тој вирус е затворениот национализам кој на пример пречи на меѓународноста на вакцините – објасни папата Фрањо. Меѓутоа тоа не е единствената варијанта. Втората варијанта е кога законите на пазарот или интелектуалната сопственост ги ставаме над законите на љубовта и здравјето на човештвото. Уште една варијанта има кога веруваме и ја поттикнува болната економија која неколкумина многу богати овозможуваат да поседуваат повеќе од остатокот на човештвото и моделите на производство и потрошувачка да ја уништат планетата, „нашиот заедички дом.“
Сите тие работи меѓусебно се поврзани. Секоја општествеа неправда, секоја маргинализација на некого во сиромаштво или беда влијае и на животната средина – рече Папата. Природата и луѓето се обединети. Бог Создателот влијава во нашите срца нов и великодушен дух за да ги напуштиме нашите индивидуалности, и да го промовираме општото добро: духот на праведноста кој нѐ поттикнува да го загарантираме универзалниот пристап до вакцина и привремено суспендирање на интелектуалната сопственост; и духот на заедништво кој ни овозможува да создадеме поинаков, поинклузивен, поправеден и поодржлив економски модел.
На крајот папата Фрањо упати до Бог молитва за да ни го подари дарот на новото братство, општата солидарност и да можеме да го препознаеме доброто и убавината која ја посеал во секој од нас за да ги зајакне врските на единството, заедничкиот проект и заедничката надеж.
Ватикан њуз/к.мк