Папата: Братското општество знае да им даде простор на сите недостатоци и кревкости

Папата: Братското општество знае да им даде простор на сите недостатоци и кревкости

Во петокот, на 10 јануари 2025 година, папата Фрањо ги прими во аудиенција промоторите на проектот Écoles de Vie(s), вдахновен од Глобалниот пакт за образование: „Само со враќање на човечката личност на централното место ќе можеме да изградиме навистина праведно и солидарно општество, особено за младите.“

„Вашиот образовен проект, заснован на Евангелието и на Социјалната наука на Црквата, ја нагласува основната вистина: „Секој човек, без разлика колку е кревок, носи суштинска вредност и ние сме повикани да „го препознаеме секој поединец како единствена и незаменлива личност“. Со овие зборови папата Фрањо им се обрати на промоторите на проектот Écoles de Vie(s), кои во Ватикан беа придружувани од бискупот од Шартр, монсињор Филипе Кристори.

„Секој човечки живот има неотуѓиво достоинство. Со вашата посветеност нагласувате дека никој не е бескорисен, никој не е недостоен, дека секое постоење е дар од Бога кое треба да се прифати со љубов и почит“, додаде Светиот Отец, обраќајќи им се насобраните луѓе кои учествуваат во едукативниот проект вдахновен од Глобалниот пакт за образование.

Папата потсети дека, прифаќајќи го секого во неговата кревкост и остварувајќи односи со голем број учесници, учесниците во програмата ја воплотуваат Црквата во излегување, која самиот Папа често ја посакува; Црква која е отворена и гостољубива, способна да им пријде на сите, особено на оние кои носат рани. Затоа ги предупреди собраните дека е дозволено да се гледа од високо на човек само во една ситуација: Кога му се помага да стане.

„Драго ми е што вашиот проект совршено се вклопува во визијата за образованието предложена во Глобалниот пакт за образование: Интегралното образование не е ограничено на пренесување знаење, туку се стреми да формира мажи и жени способни за сочувство и братска љубов. Така, вие придонесувате за образование кое подготвува за иднина, формирајќи не само компетентни стручњаци, туку и зрели возрасни луѓе кои ќе бидат уметници на поубав и похуман свет, проткаен со Евангелието“, истакна Светиот Отец.

„Во оваа Јубилејна година на надежта, ве охрабрувам одлучно да истраете во вашата мисија, бидејќи само со враќање на човечката личност на централното место, интегрирајќи ги нејзините духовни димензии, ќе можеме да изградиме навистина праведно и солидарно општество, рече Папата. На крајот, тој апелираше нивната заложба да поттикне и други иницијативи во корист на бројните ранливи лица и да ги отвори перспективите за интегрално образование кое очајно им е потребно на младите генерации.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот