Папата: Бог ни го даде небото во раце како залог за вечноста
Бог преку Светиот Дух на христијаните им го даде небото како „залог“ за вечноста. Но, тој дар понекогаш се игнорира со „матен“ и лицемерен живот – рече папата Фрањо на светата Литургија на 17 октомври во домот Света Марта.
Светиот Дух е „печат“ на светлината, со кој Бог на христијаните им го дава „небото во раце“. Меѓутоа, христијаните често го заменуваат тоа светло за живот со сенка или уште полошо, со лажно светло кое свети лицимерно – рече Папата, повикувајќи се на зборовите на свети Павле со кои на Ефесјаните им објаснува дека преку верата во Евангелието го примиле „печатот на Светиот Дух.“
Со тој дар на Светиот Дух, Бог нас „не само што не избра“ туку ни даде и „начин на живот, кој не е само список на навики, туку, уште повеќе: цел еден идентитет.“ Нашиот идентитет – продолжи Папата – „всушност е во тој печат, во таа сила на Светиот Дух; која сите ние сме ја примиле на крштението. А Светиот Дух го запечати нашето срце – уште повеќе – оди со нас. Тој Дух – кој Исус го вети – „не ни дава само идентитет, туку е и залог за нашето наследство. Со него започнува небото – рече Светиот Отец, додавајќи:
„Веќе го живееме небото – таа вечност – бидејќи сме со печатот на Светиот Дух, кој е почеток на небото: Тој е залог; го имаме во рацете. Со тој печат го имаме небото во раце“, нагласи Папата, објаснувајќи дека да го имаш самото небо како залог сепак не пречи христијаните барем понекогаш да потклекнат на искушенијата. Прво – рече папата Фрањо, кога сакаме – не можеби да го избришиме тој идентитет – „но барем да го направиме матен“. Тој е млак христијанин“ – истакна Светиот Отец – „Христијанин е, точно, оди на литургија во недела точно, но во неговиот живот тој идентитет не се гледа. Сеуште живее како поганин: може да живееш како поганин, а да бидеш христијанин“ – тоа значи да бидеш млак, да го замаглиш својот идентитет.
Вториот грев е тоа што Исус го зборува на учениците: Чувајте се од квасот фарисејски, односно од лицемерието, односно, чувајте се од вртење: јас се правам дека сум христијанин, но всушност не сум. Не сум транспарентен, кажува, една работа – да, христијанин сум – но правам нешто што не е христијански – предупредува Папата.
Спротивно од тоа, христијанскиот живот според идентитетот кој го твори Светиот Дух ги носи со себе – нагласи папата Фрањо – даровите на сосема поинакво значање: Љубов, радост, мир, великодушност, долготрпеливост, љубезност, верност, кроткост, власт над себе – вели Светиот Отец – тоа е нашиот пат во небото, нашиот пат кој со небото започнува овде, бидејќи имаме христијански идентитет, односно сме означени со Светиот Дух. Да го молиме Господ за милост да бидеме внимателни кон тој печат; кон својот христијански идентитет кој не е само ветување, туку кое веќе го имаме во рацете како залог – рече на крајот папата Фрањо.
РВ/Д.И.