Во скршениот свет, растргнат од војна и страдање, папата Фрањо ги повика верниците да му се придружат во молитвата за мир и помирување. Ја моли Дева Марија, Царицата на мирот, да пружи утеха, водство и мајчинска надеж, која низ историјата видела како нејзините деца поднесуваат болка и загуба. На неа ѝ го посвети „светот, посебно оние земји кои се во војна“.
Посветувајќи ги нашите животи, Црквата и светот на Царицата на мирот, папата Фрањо ја замоли Богородица да ги допре срцата заробени од омраза и да ги преобрати оние кои шират и поттикнуваат конфликти.
Дева Марија, молеше Папата, „нека ги вдахнови водачите на народите да бараат патишта за мир“.
Ден на молитва, пост и покора за мир
Светиот Отец ја воздигна својата молитва за време на богослужбата во базиликата Свети Петар во петокот навечер, 27 октомври 2023 година, на Денот за молитвата, постот и покората за мир, кој го одреди во контекст на разорниот бран на насилство што се случува во Светата Земја.
Објавувајќи ја иницијативата на 18 октомври, Папата го упати својот повик за Денот на молитвата и до „разни христијански деноминации, припадници на други религии и сите кои во срцето посакуваат мир во светот“.
Предводејчи ја богослужбата во која наизменично се менуваа читања од Евангелието, молитви и размислувања, како и молитвата Света Бројаница, обожавање и благослов со Пресветата Олтарска Тајна, Папата ѝ се обрати на Пресвета Богородица, барајќи од неа да погледне во нас: „Овде стоиме пред тебе. Ти си нашата Мајка и ги знаеш нашите борби и нашите болки“.
„Царице на мирот, ти страдаш со нас и за нас, затоа што гледаш дека толку многу од твоите деца страдаат поради конфликти и војни што го распарчуваат нашиот свет“.
Во овој мрачен час, молеше Папата, „се доверуваме себеси и нашите проблеми на твоето мајчинско срце кое ги знае нашите грижи и стравови“.
Сами не можеме да успееме
Повикувајќи ја како светилник на светлина и извор на надеж, тој се присети како Марија секогаш на искушенијата одговара со нежност, љубов и прифаќање и се помоли за нејзина помош „да ја одржи жива надежта на Воскресението низ ноќта на жалост.
Светиот Отец молеше од Богородица „повторно да преземе иницијатива за нас, во овие времиња опустошени од конфликти и опустошени од огнот на оружјето“, бидејќи сами не можеме да успееме.
„Подигни ги своите очи на милосрдие кон нашето човечко семејство кое застрани од патот на мирот“, се помоли папата Фрањо и ја повика Богородица „да се застапува за нашиот свет, кој е во големи немири и голема опасност“.
„Научи нѐ да го цениме и чуваме животот – секој човечки живот! – и отфрли ја лудоста на војната која сее смрт и ја уништува иднината“, рече Папата.
Потсетувајќи дека Марија често поттикнува на молитва и преобраќање, Папата рече дека нашите световни растресувања често нè водат на погрешен пат: „Уште еднаш помогни ни да го ставиме Бог на прво место“.
Потоај рече: „Не можеме сами да успееме“; без твојот Син не можеме ништо. И повика на мир и преобраќање „Врати нè кај Исус, кој е нашиот Мир“.
„Мајко на милосрдието, молиме за милосрдие! Царице на мирот, апелираме за мир! Допрете ги срцата на оние кои се заробени од омраза; преобрати ги оние што шират и поттикнуваат конфликти“.
„Избриши ги солзите на децата, биди присутна со старите и осамените; зајакни ги ранетите и болните; заштити ги оние кои се принудени да ги напуштат своите земји и нивните најблиски; утеши ги паднатите; разбуди нова надеж“, молеше папата Фрањо.
Посветување на безгрешното срце на Марија
Доверувајќи и посветувајќи сè што поседуваме на безгрешното срце на Марија, Папата рече: „Ти ја посветуваме Црквата, со своето сведочење во светот за да биде Исусовата љубов знак на хармонија и орудие на мир“.
Папата заврши со молитва дека „зрак светлина ја осветлува темната ноќ на конфликтите“ и водачите на народите нека бараат патишта за мир.
„Царице на сите народи, помири ги твоите деца, заведени од злото, заслепени од моќ и омраза. Ти, која си блиску до сите, отстрани ја отуѓеноста. Ти, која имаш сочувство за сите, научи нè да се грижиме еден за друг. Ти, која ја откриваш нежната љубов Господова, направи нè сведоци на неговата утеха и мир. Царице на мирот, излеј го во нашите срца Божјиот дар на слога“.
Ватикан њуз/к.мк