Папата: Богопосветените се експерти за милосрдие
„Богопосветениот живот е непроценлив дар за Црквата и за светот“. Тоа го истакна папата Фрањо на средбата со корејските монашки заедници во Котонгне. Папата веднаш предупреди дека не може да се дава завет на сиромаштво, а да се живее богато, бидејќи „тоа е лицемерие, кое штети на Црквата“. На средбата учествуваа околу 5 илјади монаси и монахињи. Поради тоа што средбата траеше повеќе од предвиденето, не се служеше Вечерната молитва предвидена во програмата.
Со Радувај се, благодатна Маријо, прочитана на корејски јазик, започна средбата. Белата боја на монахињите, кои се собраа во аудиториумот блескаше пред погледот на папата Фрањо, кој во својот говор истакна дека во центарот на звањето стои радоста на чувството за Божјата љубов:
„Само кога нашето сведоштво е радосно, тогаш можеме да ги привлекуваме мажите и жените кон Христос; оваа радост е дар поткрепен со молитвата, размислувањето врз Божјото Слово, примањето на Таинствата и на заедничкиот живот“.
Од искуство знам дека „живот во заедница не е секогаш лесен, но тој е терен за формирање на срцето“. Иако има конфликти и тешкотии, посочи Папата, „повикани сме во заедничкиот живот да растеме во милоста, трпението и во совршената љубов“. Папата Фрањо истакна дека „богопосветениот живот е како една карпа, како една мајка„. „Тој е карпа – прецизира Папата – затоа што го брани богопосветениот живот, но и мајка, бидејќи помага да се расте и да се оди по вистинскиот пат“:
„Лицемерството набогопосветенитемажиижени,кои даваатзаветинасиромаштво, а истовремено живеат богато, ги повредувадушитенаверницитеи ѝ штетинаЦрквата“.
Папата им се заблагодари на корејските настојатели на богопосветените кои ги посочуваат „глобализацијата и консумизмот како опасност по „патот на верска сиромаштија“. „Бог – продолжи Папата – ги сака целосно нашите срца и тоа значи дека треба да се ослободиме и да излегуваме повеќе од самите себе“. Целомудрието, рече уште Папата – „го изразува вашето целосно предавање на Божјата љубов“. Искушенијата во оваа област „бараат смирена доверба во Бог, внимателност и упорност“. На крајот, Папата ги охрабри присутните да бидат верни сведоци на Бог во корејското општество:
„Драги браќа и сестри, правете сè што можете со голема понизност, за да покажете дека богопосветениот живот е скапоцен дар за Црквата и за светот. Не го задржувајте само за себе: споделувајте го, носејќи го Христос во секој агол на оваа сакана земја. Дозволете ѝ на вашата радост да најде израз во вашите напори за пристојност во формирањето на звањата што ќе дојдат утре“.
РВ/В.Н.