Папата: Бескрајноста на Божјото милосрдие
Нека времето на Великиот пост го подготви нашето срце за Божјата прошка и ние да простуваме како и Он односно „заборавајќи“ ги туѓите навреди
Без сеќевање
– посака Светиот Отец завршувајќи ја проповедта на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на 1 март.
Папата во проповедта како и секогаш се препушта на вдахновението на литургиските читања. Евангелието говори како Петар го прашува Исус: „Колку пати треба да му простам на братот кој ме навредил?“ Првото пак читање земено од пророкот Даниил концентрирано е на молитвата на младиот Азариј осуден на клада затоа што одбил да се поклонува на златен идол, во огнот го повикува милосрдието Божјо за народот и за себе. Тоа е исправна молитва – истакна Папата – затоа што целосно се потпира на Божјата добрина.
Кога Бог простува безгранична е новата прошка, како да „заборава“. Сосема спротивно од она што го правиме, од брборењата: направи ова и она – не забораваме ништо. Зошто? Затоа што немаме милосрдно срце. Постапувај со нас според благоста своја – вели Азариј. По своето големо милосрдие спаси нè! Тоа е апел на Божјото милосрдие, да ни даде прошка и спасение и да ги заборави нашите гревови – рече Папата.
Равенката на прошката
Во Евангелието за да му објасни на Петар како треба секогаш да простува, Исус ја кажува параболата за двајцата должници: прво господарот го простува долгот иако должел голема сума на пари, но тој немал милосрдие со должникот кој му должел незначителна сума – потсети Папата додавајќи:
„Во Оче наш молиме: Прости ни ги долговите наши како што им ги проштаваме ние на нашите должници.“ Тоа е равенка едната и другата прошка одат заедно. Како Бог ќе ти прости ако не си способен да простиш? Тој сака да ти прости, а не може ако ти е затворено срцето, ако не може во него да влезе. Некој пак би можел да каже: Оче јас простувам, но не можат да ја заборавам навредата која ми е направена… Моли го Бога да ти помогне да заборавиш: а ова е пак друга работа. Може да се прости, но не се успева секогаш да се заборави. Треба да се прости како што Бог простува: Тој сè простува – рече папата Фрањо.
Милосрдието заборава
Потребно е милосрдие, сомилост, прошка, повторуваше Папата, потсетувајќи дека простувањето секогаш е Божјото милосрдие. Папата молеше Великиот пост да го подготви нашето срце за примање на Божјата прошка; да можеме да го примиме и на другите да го делиме: од срце да простиме. Преку прошката се приближуваме до Божјото милосрдие. Сите треба да бараме прошка. Ако простиме ќе ни биде простено. Со другите да бидеме милосрдни преку што ќе го почувствуваме милосрдието од Бог кое „заборава“ кога простува – заврши Светиот Отец.
РВ/к.мк/Д.И.