Папата: Без љубовта Црквата е празна институција

Папата: Без љубовта Црквата е празна институција

Во проповедта на светата Литургија на 26 април 2018 година, во домот Света Марта папата Фрањо рече дека Исус за време на Последната вечера преку Евхаристијата нè учи на љубов, со миењето на нозете нè учи на служење.

На Последната вечера, Исус на Црквата остава три основни вистини: со Евхаристијата нè учи на љубов, со миењето на нозете нè учи на служење и со тоа ни порачува дека слугата никогаш не е поголем од оној кој го испраќа, имено од својот господар. И како што учениците направиле таа вечер и ние да дозволиме Исус да нè гледа – истакна папата Фрањо за време на светата Литургија во домот Света Марта, на 26 април 2018 година, во Ватикан, осврнувајќи се на литургиското Евангелие во кое Иван ги пренесува зборовите на Исус откако на Последната вечера на учениците им ги мие нозете.

Исус е учител на љубовта – со тие зборови Папата го опиша постапувањето на Господ на Последната вечера. Тогаш Исус остава во наследство на Црквата три основни елементи: љубовта, Евхаристијата и служењето. Тоа се гледа во денешното евангелие во кое Иван опишува како Исус на своите ученици им ги мие нозете. Светиот Отец рече дека Исус притоа прави два геста: еден за учениците, а друг за Црквата која ќе дојде, гестови кои го претставуваат темелот на нејзината наука. Исус на учениците им дава да го јадат неговото тело и да ја пијат неговата крв, односно востановувањето на Евхаристијата, а исто така им ги мие нозете. Од тие гестови се раѓаат двете заповеди – објасни папата Фрањо – кои на Црквата ќе им овозможат да расте доколку сме верни.

Првата заповед на љубовта не е повеќе само „љуби го својот ближен како самиот себе,“ туку оди чекор понатаму „љуби го ближниот како што јас вас ве љубев.“ Тоа е љубов без граница – истакна Светиот Отец и продолжи: Без неа Црквата не може да оди напред, Црквата не може да дише и да преживее. Без љубовта Црквата не расте, станува празна институција која се сведува на привид и на бесплодни гестови. Преку своите телесни гестови Исус ни зборува на кои начин треба да љубиме, имено до крај – нагласи папата Фрањо.

Првата заповед е: „Љубете се едни со други, како што јас ве љубам“ а потоа следува втората нова заповед која се раѓа од миењето на нозете: служете си едни на други – рече Папата. Миете си ги нозете едни на други како што јас вам ви ги измив нозете. Тие се две нови заповеди, но овде е и предупредувањето Исусово: „Можете да служете, но само ако ја ве испратам. Не сте поголеми од Мене.“ Исус објаснува дека слугата не е поголем од својот господар, ниту испратениот е поголем од оној кој го испратил. Станува збор за едноставна и вистинска понизност, а не за лажна – истакна Светиот Отец.

Треба да бидеме свесни дека Господ е поголем од секој од нас и дека ние сме слуги – рече папата Фрањо и продолжи: Ние не можеме да го надминеме Исус, ниту да го искористуваме затоа што Он е господар, а не ние. Тоа е Господовата волја. Он ни се дава како храна и питие и ни зборува: љубете се едни со други на овој начин. Миејќи им ги нозете им зборува: служете си едни на други, на овој начин, но бидете внимателни: ниту еден слуга не е поголем од својот господар кој го испратил. Тие се остри зборови и гестови, но тие се темелот на Црквата. Ако одиме напред, со тие три елементи, тогаш никогаш нема да згрешиме – рече Светиот Отец.

Маченици и многу светци – продолжи Папата – оделе напред со свеста дека се слуги. Светиот Отец потсети дека Исус потоа на учениците им дава ново предупредување „Јас ги познавам оние што ги избрав. Но нека се исполни Писмото: »Кој јаде леб со Мене, ја подигна петата своја против Мене!“ (Ив 13, 18). Од таа причина папата Фрањо повикува да одвоиме неколку минути во тишина за да дозволиме Господ да нè гледа.

Да дозволиме Исусовиот поглед да продре во нас – рече Светиот Отец и продолжи: Тогаш ќе почувствуваме многу работи; ќе почувствуваме љубов или можеме нема да почувствуваме ништо… Можеби ќе се почувствуваме заробени или ќе почувствуваме срам. Но секогаш да дозволуваме Исусовиот поглед да продре. Тој е истиот оној поглед со кој таа вечер ги гледал своите ученици – рече папата Фрањо и заврш Како Петар на Тиверијатското езеро, да му говориме на Исус: Ти знаеш сè. Знаеш дека Те љубам, знаше дека си во моето срце.“ Да се љуби до самиот крај, служење на таа подложност, односно Бог е оној кој е најголем, а јас сум слуга, и никој не може да го надмине.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот