По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо во неделата 2 март 2020 година ја изрази својата жалост заради многу заедници кои заради војната се протерани од своите земји, и повика да се молиме за сите кои бараат засолниште и помош.
По пладневната молитва папата Фрањо ги поздрави присутните верници и ходочасници и на сите им посака Великиот пост да им биде богат со добри дела. Тажен сум заради вестите за многу мажи и жени и деца кои заради војната се отфрлени и протерани, и заради многуте мигранти во светот кои бараат засолниште и помош. Ситуацијата овие денови се влоши, да се молиме за нив – истакна Папата и на крајот рече: Ги препорачувам во молитвата за духовните вежби на Римската курија кои започнуваат вечерва во Аричи. За жал оваа година, настинката не ми дозвлува да учествувам. Медитациите ќе ги следам од Ватикан. Духовно се соединувам со членовите на Куријата и со сите луѓе кои се на духовни вежби во својот дом.
Ватикан њуз/к.мк