Папата повика на молитва за измачената Сирија, земја измачена од насилства и нестабилност.
По катехезата Папата Фрањо повика на молитва за Сирија која од 2011 година е потресена со војна која предизвика стотици илјади жртви. Во овој момент би сакал сите да се молиме за саканата и измачена Сирија – рече Папата и додаде: Многу семејства, возрасни и деца мора да бегаат од војната. Сирија веќе со години крвари. Да молиме за Сирија!
Зборовите кои ги упати Светиот Отец вчера по катехезата за време на Генералната аудиенција, се надоврзуваат на апелот, кој го упати на 9 февруари, по молитвата Ангел Господов. Тогаш Папата Фрањо апелираше до меѓународната заедница и на сите вклучени страни да ги користат дипломатските средства на дијалог и преговори, почитувајќи го меѓународното хуманитарно право, за да ги зачуваат животите и судбините на цивилите.
Од северозападна Сирија и понатаму пристигнуваат тажни вести, посебно за условите во кои се наоѓаат многу жени и деца, како и за луѓето кои се присилени да бегаат поради избувнување на воениот конфликт – рече минатата недела Папата Фрањо, кој за време на својата служба повеќе пати потсети на драматичната ситуација во Сирија. Во писмото од 28 јуни 2019 го поттикнува да покаже добра волја за да се стави крај на катастрофалната состојба по борбите започнати околу градот Идлиб во северозападниот дел на земјата. Луѓето во овој измачен дел од Сирија умираат и денес, а многумина се принудени да ги напуштат своите домови.
Папата Фрањо за саканата Сирија упати неколку апели, повикувајќи на молитва и пронаоѓање патишта за дијалог и мир. За жал, сè уште е без одговор прашањето кое во 2013 година е упатено во пораката Urbi et orbi: Колку крв е пролеана? Уште колку страдања треба да се нанесат, пред да се пронајде политичко решение за кризата?
Ватикан њуз/ к.мк