Папата Фрањо повика на молитви за обновување на дистрибуцијата на жито преку Црноморската иницијатива, апелирајќи до властите на Руската Федерација, со цел да се спасат милиони гладни луѓе
На крајот од неделната молитва Ангел Господов, во недела 30 јули 2023 година, Светиот Отец апелираше за продолжување на молитвите за маченичката Украина, каде што војната уништува сè, па дури и жито. Тој посебно изрази загриженост поради пропаѓање на Црноморската иницијатива, која овозможи испорака на жито од пристаништата во регионот преку заеднички договор меѓу Украина и Русија.
„Апелирам до моите браќа, властите на Руската Федерација, Црноморската иницијатива да продолжи да се спроведува и житото да може безбедно да се транспортира.
Папата рече дека житото е дар од Бога со што се храни човештвото, а воените уништувања што се закнуваат се сериозна навреда за Бога.
„Плачот на милиони браќа и сестри кои страдаат од глад се воздигнува сѐ до небо“.
Говорејќи пред новинарите, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш го осуди неуспехот на Црноморската иницијатива во врска на пратките со жито, како и бомбардирањето на пристанишните инсталации, при што беа погодени и складишта со жито.
Ја истакна загриженоста, бидејќи продолжувањето на конфликтот може да има уште подраматични последици на глобално ниво, особено во однос на земјите во развој. Во исто време, тој ја гарантира подготвеноста на ОН да помогнат во заживување на иницијативата, истакнувајќи: „Мораме да направиме работи што се можни и правиме се што можеме за да обезбедиме украинската и руската храна и ѓубрива да се најдат на глобалните пазари“.
Ватикан њуз/к.мк