Да го запреме ропството – апелираше Папата во пораката која ја објави на социјалната мрежа Твитер, на 23 август 2019 година по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на трговијата со робови и укинувањето на ропството кој го прогласија Обединетите нации во 1950 година.
Сите сме создадени на слика и образ Божји и имаме исто достоинство. Да го запреме ропството – напиша папата Фрањо во пораката на профилот @Pontifex, на Твитер, повикувајќи се на Меѓународниот ден на сеќавањето на тровијата со робови и укинувањето на ропството, основан од Обединетите нации, но осовременувајќи ја смислата на тоа сеќавање во сегашноста и барајќи да се укине секое ново ропство во современиот свет. Папата потсети на сличноста на секој човек со Бог и според тоа еднаквото достоинство на сите луѓе.
Тој меѓународен ден кој Обидинетите нации го основа во 1950 година се обележува во знак на сеќавањето на бунтот кој се случил ноќта помеѓу 22 и 23 август 1791 година на островот Санто Доминго, односно денешно Хаити и Доминиканската Република, а го водел генерал Тусаинт, поранешен роб, херој на револуцијата на Хаити која заврши во 1804 година.
Ова година се одбележува и 25 годишнина од проектот „Маршута на робовите: отпор, слобода, наследство“ кој го покрена УНЕСКО со намера да ги поддржи владите, универзитетите, медиумите и организациите на цивилното општество за да се спречи тие историски факти да се заборават и негираат. Како одек на зборовите на Папата во разговор за Радио Ватикан, Алберто Тонини професор по историја на меѓународни односи на универзитетот во Фиренца, предупреди: Не смееме да мислиме дека ропството исчезнало.
Ватикан њуз/к.мк