Палијативната нега помага да се открие повикот на медицината

Палијативната нега помага да се открие повикот на медицината

Палијативната нега помага повторно да се пронајде повикот на медицината – пишува во име наСветиот Отец, кардинал Пиетро Паролин, државен секретар до организаторите на Конгресот за палијативна нега, кој ќе заврши на 1 март во Рим, а е во организација на Папската академија за живот.

Во писмото кардиналот напоменува дека таа конференција обработува теми кои се однесуваат на последните моменти од нашиот земски живот, моменти кои ја соочуваат личноста со ограниченоста, која изгледа неприфатлива за слободната волја, и поради тоа на моменти предизвикува побуна и мака. Честопати во општеството постои движење кое по секоја цена сака да ја избегне таа реалност. Наместо тоа да се свртиме кон надахнувањето на Псалмот 88 во кој стои: Научи нѐ да ги броиме нашите денови, да се здобиеме со мудро срце; да ги изгубиме богатства сокриени во нашата ограниченост: тоа е можност да созрееме на начин кој ќе нѐ направи да бидеме чувствителни на животот.

Кардинал Паролин објасни дека палијативната нега не ја прави таа грешка и тоа е причината зошто оваа тема е толку многу важна. Палијативната нега всушност упатува на повторно откривање на најдлабокиот повик на медицината кој се состои во давање нега: нејзината работа е да лекува, дури и тогаш кога тоа не е можно. Кога медицината ќе дојде до границите на она што може да го направи, палијативната нега ги препознава и ги прифаќа тие ограничувања, останувајќи близу до оние кои се болни, придружувајќи ги во тешките искушенија, кои се јавуваат на крајот од животот – напиша кардинал Паролин и додаде: На крајот ограниченоста ја менува смислата. Веќе не означува одвоеност и осаменост, туку станува можност за средба и заедништво.

Фак е дека сите ние сме деца Божји и тоа го зафаќа нашиот секојдневен живот. Таа вистина не ја смалува губењето на здравјето, улогата во општеството или контролата над сопственото тело – порача Папскиот државен секретар, напоменувајќи дека палијативната нега помага да се задржи таа визија. Свртувајќи го своето внимание пак кон самата конференција, кардинал Паролин напиша дека програмата на конференцијата ја нагласува многуструката димензија, која игра улога во праксата на палијативната нега и мобилизира многу компентенции: научни, здравствени, односно комуникативни и духовни. Освен различните професионални погледи, треба да се истакне и важноста  на семејството на тој пат – напомена кардиналот.

Лекувањето на болките е тесно поврзано со палијативната нега. Постојат етички критериуми кои се непроменливи и кои бараат внимателно расудување и разборитост кога низ подолг временски период се користат седативи, кога е поништена односната и комуникациската димензија, која како што видовме е многу важна во придружбата на лицата за време на палијативната нега – потсети кардинал Паролин. На крајот кардиналот ја истакна сложеноста и чувствителноста за прашања поврзани со палијативната нега и бараат постојано размислување.

Важно е што на конференцијата се присутни претставници на различни верски уверувања и култури, кои заеднички настојуваат да ги продлабочат оваа тематика – напиш на крајот кардинал Паролин

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот