Пакетот за репродуктивното здравје не може да вклучува абортус

Пакетот за репродуктивното здравје не може да вклучува абортус

Светиот Престол потврдува дека терминот род се однесува исклучиво на идентитетот и биолошката полова разлика. Исто дека здравствените услуги никогаш не смеат да се употребуваат – или да работат – против животот на најнезаштитените или неродените. Ова, накратко го изјави архиепископот Иван Јурковиќ, набљудувач на Светиот Престол при ОН и меѓународните организации во Женева, во својот говор пред Економско-социјалниот совет на ОН (ECOSOC) во врска со резолуцијата за зајакнување на хуманитарната помош во вонредни ситуации.

Пакетот за репродуктивното здравје не може да вклучува абортус

И покрај постигнатиот напредок по одредени теми како “глад” и “безбедност на храната”, прелатот изрази жалење за вклучувањето во резолуцијата на контроверзниот пакет MISP (Minimum Initial Service Package), кој покрај основните здравтвени услуги вклучува проекти од областа на репродуктивното здравје, насочени кон жени и девојки, кои го промовираат абортусот.

Правото на живот е за секоја фаза од животот

Правото на живот – истакна монс. Јурковиќ – треба да се применува во секоја фаза од животот, без дискриминација во однос на кој и да е. „Ние ги препознаваме посебните ризици на кои жените и децата се изложени во контекст на екстремни хуманитарни ситуации и нивните потреби од гледна точка на пристап до основни здравствени услуги – додаде тој – но не можеме да прифатиме дека се адекватно решение услугите кои обезбедуваат или придонесуваат за абортус”.

Абортусот и лековите кои предизвикуваат абортус не се одговор за хуманитарните катастрофи

Ето зошто – заврши архиепископот – „Светиот Престол не се согласува со пасусите на резолуцијата кои го промовираат MISP како одговор на драматичните ситуации на многу жени и деца во тешки хуманитарни ситуации” и пристапот до абортус или до лекови кои предизвикуваат абортус не ги смета „како мерки за сексуално и репродуктивно здравје”. На крајот монс. Јурковиќ упати барањето текстот на неговиот говор да биде вклучен меѓу официјалните документи на средбата на ОН.

РВ/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот