Летниот камп – Животот продолжува и покрај Ковид -19, кој се одржува во Охрид го отвори епископот Стојанов
На 16 јули 2021 година во вечерните часови во Пасторалниот центар во Охрид Н.В.П. монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх го отвори летниот камп, кој се одржува на тема: Животот продолжува и покрај Ковид – 19.
На почетокот од своeто обраќање бискупот Стојанов ги поздрави присутните учесници, а потоа се осврна на периодот на пандемија со осврт на пасторалните предизвици кои се појавија во тоа време. При тоа епископот Стојанов истакна дека и покрај сите настаните проблеми предизвикани од пандемијата сепак на тој период може да се гледа како и на можност да се вратиме на верата и на Бога.
При крајот од неговото обраќање епископот Стојанов постави прашање за размислување кое гласи: Дали пандемијата нè зближи или оддалечи од Бога? Завршувајќи го своето обраќање рече: Животот продолжува и покрај Ковид-19, но најважно е да останеме со Бога.
Летниот камп ќе трае од 16 до 20 јули, на кои учествуваат претставници на повеќе парохии од Македонија, а во рамки на програмата се предивидени предавања и работнилници. Кампот се одржува согласни мерките предвидени од надлежните институции.
к.мк