Отец Том Узуналил ја прими наградата „Мајка Тереза“

Отец Том Узуналил ја прими наградата „Мајка Тереза“

Отец Томас Узуналил, свештеник салезијанец кој во 2016 година во градот Аден, во Јемен, беше киднапиран од терористи исламисти, на 10 декември ова година ја прими овогодинешната награда „Мајка Тереза“ за време на церемонијата во индискиот град Мумбаи.

Отец Томас Узуналил, свештеник салезијанец кој во 2016 година во граден Аден, во Јемен, беше киднапиран од терористи исламисти, а после 18 месеци заточеништво беше ослободен во септември ова година благодрение на посредувањето на султанот од Оман, на 10 декември ова година ја прими овогодинешната награда „Мајка Тереза“ за време на церемонијата во индискиот град Мумбаи. Католичкиот свештеник е избран заради својата сочувствителна хуманост и поради својата посветеност како и определувањето да работи на место со големи опасности.

Јас сум католички свештеник од салезијанците на дон Боско, и работам за младите и маргинализираните – рече патер Узуналил во разговор за католичката агенција AsiaNews. Дадена ми е можност да служам на мисијата во Јемен. Бог има послание за секој од нас – рече салезијанецот и се заблагодари на сите оние кои се молат за него, хундуси, христијани и муслимани, како и оние кои го љубат човештвото.

Името овогодинешните добитници на наградата „Мајка Тереза“ се објавени во октомври, а според зборовите на Абрахам Матаи, претседател на фондацијата „Harmony“, отец Том е избран заради својот пример за сочувствителна хуманост, како и поради фактот што продолжи да служи на старите луѓе во Аден, и покрај тоа што имаше прилика да ја напушти земјата. Ја пофалуваме посветеноста и определувањето на отец Томас да работи на место со големи опасности, каде неговите колеги ладнокрвно се убиени – додаде претседателот на фондацијата која е основана во октомври 2005 година. Додаваме дека спомнатата награда се доделува од 2007 година во знак на сеќавање на света Мајка Тереза од Калкута.

Отец Томас Узуналил е киднапиран на 4 март 2016 година во домот за стари лица до градот Аден, во Јемен, со кој управуваат сестрите Мисионерки на љубовта. Во нападот на терористите исламисти кои веројатно припаѓале на Ал-Каеда се убиени 16 луѓе, од кои 4 монахињи. Војните не се решение за човештвото – рече салезијанецот. Создадени сме според образот Божји и можеме да го видиме Господ во своите ближни, и да бидеме како браќа и сестри.

На прашање дали некогаш размислувал за тоа да го спореди своето искуство со она на свети Максимилијан Колбе, фрањевец кој се понудил во замена наместо татко на семејство во концентрациониот логор Аушвиц, отец Том одговори дека тоа никогаш не му се случило. Го прашаа и за темната ноќ на душата, односно за периодот на тага, страв, мака, збунетост и осаменост, која се смета за неопходна за повторно раѓање, а салезијанецот нема никакви сомнежи: Не знам дали беше мрачна, но за мене секако секогаш беше светла.

И покрај периодот на страдање и лишеност кој го преживеа за време на своето заточеништво, тој католички свештеник влева мир и спокој. На церемонијата се фотографираше со присутните насмевнувајќи се на сите кои го поздравуваа. Му благодарам на Господ за сè – рече Том Узуналил.

РВ/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот