Отец Ломбарди: Потребно е повеќе време за реформа на Римската Курија

Директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, патер Ломбарди на прес конференција ги информира новинарите за отворањето и работата на Конзисториумот.

Што се однесува за реформата на апостолската конституција ‘Пастор Бонус’ за Римската Курија, не се предвидува дека таа ќе биде реализирана во краток рок – рече отец Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, на брифингот за седницата на Советот на кардиналите, кој заврши на 11 февруари, како и за Конзисториумот одржан на 12 февруари.

Изгледа дека овој документ нема да биде наскоро завршен; со оглед на тоа дека треба да созрее, да биде добро проучен, од теолошки и каконски аспект и добро разработен во сите детали. Затоа се предвидува дека за тоа е потребно доволно време – рече о. Ломбарди и потсети дека при составувањето на конституцијата е вложен многу труд и со големо внимание, со учество на каноници и теолози.

Се зборуваше за формирање на две нови конгрегации; едната за лаици, семејство и живот, а другата за милосрдие, правда и мир. И двете конгрегации би споиле неколку Папски совети. Секако треба да се исклучи фактот – според зборовите на о. Ломбарди – дека на чело на конгрегацијата за лаици, семејство и живот би можел да биде некој лаик. Сепак точно треба да се одреди, во детали. Модераторот во Куријата – напомена директорот на Канцеларијата за печат при Светито Престол додаде дека не се размислува да биде некое посебно, дополнително лице, туку задачата за координација и контрола би била вклучена во задачите на Државниот секретаријат.

Во Рим дојдоа околу 165 кардинали, кои вчера претпладне одржаа дванаесет презентации. Некои од нив истакнаа дека одлуките треба да ги донесуваат колегијално, други говореа за улогата на лаиците во нивната работна и духовна формација. Некои бараа поголеми раздвижувања меѓу персоналот на различни канцеларии во Куријата, додела некои напоменаа дека треба да се почитува професионалноста и компетентноста.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот