Отец Даниел Пелизон од надбискупијата Буенос Аирес е именуван за личен секретар на папата Фрањо, соопшти надбискупот на Буенос Аирес, монс. Хорхе Гарсија Куерва во соопштение за медиумите.
Отец Пелизон (40) ќе пристигне во Рим на почетокот на август за да ја преземе службата што му е доверена, се вели во соопштението. Службата ја наследува од отец Гонзало Аемилиус.
Отец Даниел Пелизон е роден во Буенос Аирес на 24 јануари 1983 година. Во 2011 и 2012 година соработувал со папата Фрањо, тогашен надбискуп на Буенос Аирес, во организација на личната архива.
За свештеник е ракоположен на 3 ноември 2018 година. Како ѓакон и парохиски викар, пет години се грижи за ходоачсниците во светилиштето Сан Кајетано де Линиер. Во март 2023 година, е именуван за викар во парохијата Пресвета Богородица на милосрдието.
Ватикан њуз/к.мк