Ватиканската дикастерија за промовирање на целосен човечки развој отвори посебна интернет страница посветена на енцикликата на папата Фрањо „Fratelli tutti“, објави Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Страницата е отворена во соработка со ватиканската канцеларијата за комуникација и има за цел да ја пораката на Папата од енцикликата за братството и социјалното пријателство да биде достапна за сите, продлабочувајќи и објавувајќи ги сите аспекти кои се својствени за текстот и Научителството на Светиот Отец во тој правец.
Интернет страницата е достапна на три јазици: италијански, шпански и англиски, но содржи многу извори на други јазици, вклучувајќи француски, португалски, арапски и кинески.
Ватикан њуз/к.мк